овластен сервисен центар или слични
квалификувани лица за да се избегне опасност.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Не користете го апаратот пред да
го монтирате во вградената
конструкција од безбедносни
причини.
• Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
• Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
• Проверете дали воздухот може да
кружи околу апаратот.
• Кога првпат инсталирате или откако
сте ја замениле вратата почекајте
најмалку 4 часа пред да го поврзете
апаратот на струја. Ова е за да се
овозможи маслото да тече назад во
компресорот.
• Пред да извршите било каква
работа на самиот апарат (на пр.
промена на врата), извадате го
кабелот од штекерот.
• Не монтирајте го апаратот во
близина на радијатори или
шпорети, рерна или површини за
готвење.
• Не го изложувајте апаратот на
дожд.
• Не го инсталирајте апаратот таму
каде што има директна сончева
светлина.
• Не го монтирајте овој апарат во
многу влажни и студени места.
• Кога го преместувате апаратот,
подигнете го предниот раб за да не
го изгребете подот.
• Во апаратот има кеса со средство
за сушење. Тоа не е играчка. Тоа
не е храна. Ве молиме да ја фрлите
веднаш.
2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога го поставуваме
апаратот, проверете дали
гајтанот за струја е
заплеткан или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете адаптери со
повеќе приклучоци и
продолжни кабли.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната
моќност на мрежата на електрична
енергија.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со
Овластениот сервисен центар или
со електричар за да ги смени
електричните компоненти.
• Кабелот за струја мора да стои под
нивото на приклучокот.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
МАКЕДОНСКИ
39