• Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора
да се поврзе на таков начин што нема
да може да се извади без алатки.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
• Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучокот за струја.
• Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
• Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува
да го исклучите апаратот од
приклучокот за струја од сите полови.
Изолацискиот уред мора да има
контактен отвор со ширина од најмалку
3 мм.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
• Отсранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако е
применливо) пред првата употреба.
• Овој апарат е само за домашна
употреба (внатре).
• Не менувајте ја спецификацијата на
овој апарат.
• Осигурајте се дека отворите за
вентилација не се блокирани.
• Не го оставајте апаратот да работи без
надзор.
• Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја употреба.
• Не потпирајте се на детекторот за
тенџериња.
• Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите. Тие
може да станат жешки.
• Не ракувајте со апаратот со мокри раце
или кога има контакт со вода.
• Не употребувајте го апаратот како
работна површина или површина за
складирање.
• Ако површината на апаратот е пукната,
веднаш исклучете го апаратот од
напојување. Ова е за да се спречи
електричен шок.
• Корисниците со пејсмејкер мора да се
држат на растојание од минимум 30 cm
од индуктивните рингли кога апаратот
работи.
• Кога ставате храна во жешко масло,
може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
• При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го пламенот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслото кога готвите со нив.
• Испарувањата кои ги испушта многу
жешкото масло може да предизвикаат
спонтано согорување.
• Употребеното масло, кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура отколку маслото кое се
користи за првпат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети кои се мокри заедно со
запаливи производи во апаратот, или
во негова близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
• Не го ставајте капакот на жешка тава
врз стаклената површина на плочата за
готвење.
• Не оставајте садовите за готвење да
вријат на суво.
• Внимавајте предметите или садовите
за готвење да не паднат на апаратот.
Може да се оштети површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
МАКЕДОНСКИ
481