6.3 Користење на ринглите
Ставете го садот за готвење директно во
центарот на одбраната рингла.
Индукциските рингли се автомаски
приспособуваат на димензиите на дното
на садот.
Откако сте го ставиле тенџерето на
одбраната рингла површината за готвење
автоматски го детектира и на екранот се
појавува соодветниот лизгач. Лизгачот е
видлив 8 секунди, после тоа време
екранот се враќа на главниот преглед. За
да го затворите лизгачот допрете го
екранот надвор од областа на лизгачот.
Кога другите рингли се актвивни
поставката за јачина на ринглата која
сакате да ја користите може да се
ограничени. Погледнете во „Управ. со
енергијата“.
Проверете дали тенџерето е
погодно за индуктивни плочи
за готвење. За повеќе
информации на видови на
садови за готвење видете во
„Грижа и совети“. Проверете ја
големината на тенџерето во
„Технички податоци“.
6.4 Поставување температура
1. Вклучете ја површината за готвење.
2. Ставете го тенџерето на одбраната
рингла.
Лизгачот за активна рингла се појавува на
екранот и е активен 8 секунди.
3. Допрете или лизгакте со прст за да ја
поставите посакуваната поставка за
јачина на топлина.
Симболот светнува црвено и станува
поголем.
Исто така може да ја смените поставката
за јачина додека готвите. Допрете го
симболот за одбирање на рингла на
главниот преглед на контролната плоча и
движете го прстот налево или надесно (за
да ја намалите или зголемите поставката
за јачина).
6.5 PowerBoost
Функцијата активира повеќе јачина за
соодветната индукциска рингла; зависи од
големината на садот за готвење.
Функцијата може да се вклучи само на
одредено време.
1. Прво допрете го симболот за
посакуваната рингла.
2. Допрете го или лизнете со Вашиот
прст на десно за да ја вклучите
функцијата за одбраната рингла.
Симболот светнува црвено и станува
поголем.
Функцијата автоматски се исклучува. За
да ја исклучите функцијата рачно
одберете рингла и сменете ја нејзината
поставка за јачина.
За максимални вредности на
траењето, видете во „Технички
податоци“.
6.6 OptiHeat Control(Показател за
преостаната топлина во 3 чекора)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
III / II / I Се додека показателот
е вклучен, постои ризик од
изгореници од преостанатата
топлина.
Индукциските рингли ја произведуваат
неопходната топлина за процесот на
готвење директно на дното на садовите за
готвење. Стаклокерамиката се загрева од
топлината на садовите за готвење.
Показателите III / II / I се појавуваат кога
ринглата е жешка. Показателите го
прикажуваат нивото на преостаната
топлина за ринглите кои моментално ги
користите.
Показателот може, исто така, да се појави:
• за соседните рингли, дури и ако не ги
користите,
• кога жежок сад за готвење ќе се стави
на студена рингла,
490
МАКЕДОНСКИ