50
При користењето на уредите мора да се запазат одредени безбедносни
прописи за да се спречат повреди и оштетувања. Затоа прочитајте
говнимателно упатството за употреба/безбедносните упатства. Чувајте ги
внимателно со цел информациите да ви стојат на располагање во секое
време. Ако го дадете уредот на други лица, дадете им го и упатството за
употреба/безбедносните упатсва. Не преземаме одговорност за несреќи
или штети кои настанале како резултат на непочитувањето на ова упатство
или на безбедносните упатства.
Безбедносни упатства
• Упатството за употреба чувајте го на дофат. По потреба во него можете да ги
прочитате важните информации и упатствата за ракување.
• Пред да започнете со работа, проверете го навртувачот под компресија во
однос на неговата компактност, функционалност и пропустливост.
• Никогаш не користете дефектен или нефункционален уред. Контактирајте
со доставувачот или однесете го уредот на контрола кај квалификувано стручно
лице.
• Одвојте го навртувачот под компресија од компресорот пред да ги менувате
алатките или додатоците. Одвојте го уредот од компресорот доколку не работите
со истиот.
• Секогаш работете промислено и внимателно.
• Никогаш не употребувајте прекумерна сила.
• При работењето со ударниот одвртувач секогаш носете соодветна заштитна
облека, како на пр.: заштитни ракавици, заштитни обувки, заштитни очила,
заштита за уши и сл. Лицата во непосредна близина на работното место треба,
исто така, да се придржуваат до истите заштитни мерки.
• Уверете се дека приклучниот притисок не е премногу висок.
• Земете ги предвид влијанијата од околината. Погрижете се за добро
осветлување на работното место.
• Пред да почнете со поправки или одржување, секогаш исклучувајте го
уредот од изворот на компримиран воздух.
• Несоодветните поправки можат да доведат до повреди.
• Никогаш не пречекорувајте го дозволениот работен притисок. Превисокиот
притисок може да го оштети уредот и да доведе до повреди.
• Алатките со компримиран воздух чувајте ги настрана од деца. Овој уред
може да доведе до повреди ако не се употребува соодветно.
• Приклучокот на компресорот се изведува само по пат на проста врска со цел
да се овозможи брзо одвојување во случај на несреќа.
• Внимавајте косата да не дојде во контакт со ротирачката алатка. Од
безбедносни причини носете мрежа за коса.
• Носете тесна облека. Широката облека може да биде зафатена од ротирачките
алатки и да предизвика провреди.
1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster.indd 50
21.07.16 12:47
Summary of Contents for ProfiAir DNE 1
Page 13: ...12 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 12 21 07 16 12 47 ...
Page 20: ...19 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 19 21 07 16 12 47 ...
Page 41: ...40 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 40 21 07 16 12 47 ...
Page 54: ...53 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 53 21 07 16 12 47 ...
Page 61: ...60 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 60 21 07 16 12 47 ...
Page 68: ...67 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 67 21 07 16 12 47 ...
Page 75: ...74 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 74 21 07 16 12 48 ...
Page 82: ...81 A B 1231681_ BDA_ProfiAir_DNE_1_DL_Nadelentroster indd 81 21 07 16 12 48 ...