Ве молиме прво прочитајте го ова упатство за
употреба!
Почитуван кориснику,
Ви благодариме што избравте апарат од марката Beko. Се надеваме
дека добро ќе Ви користи овој уред, кој е произведен со висок квалитет
и според најнова технологија. За таа цел, Ве молиме внимателно да го
прочитате ова упатство за употреба и другите приложени документи
пред да го користите производот и чувајте ги во случај на потреба.
Ако го дадете производот на друго лице, дајте му го и упатството за
употреба. Следете ги препораките со тоа што ќе обрнете внимание на
сите информации и предупредувања наведени во ова упатство.
Запамтете, ова упатство за употреба може да важи и за други модели.
Разликите меѓу модели се јасно опишани во ова упатство.
Значења на симболите
Во различни делови од ова упатство се употребени следниве симболи:
C
Важни информации и корисни
совети за употреба.
A
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е :
Предупредувања во врска со опасни
ситуации поврзани со безбедноста
на човекот и на имотот.
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е :
Предупредување за опасност од
пожар.
B
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е :
Предупредување за електричен
удар.
Овој апарат е произведен во еколошки и модерни фабрики без да ѝ наштети
на природата.