88 / МК
Аспиратор / Прирачник за употреба
1
Важни упатства за безбедноста и
животната средина
•
Истовременото работење на
повеќе уреди за готвење доведува
до генерирање на голема количина
на топлина. Според тоа, уредот
што е поставен на површината за
готвење може да се оштети или да
изгори. Не употребувајте два уреда
за готвење во услови на висока
температура повеќе од 15 секунди.
Голем уред за готвење со работен
капацитет од 5 kW има моќ еднаква
на два уреда за готвење.
1.1 Усогласеност со директивата за
WEEE за фрлање на производот:
Овој производ е усогласен со
директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/
EU). Овој производ го носи симболот
за класификација за начинот на фрлање
на електрична и електронска опрема
(WEEE).
Овој производ е произведен со
висококвалитетни делови и
материјали коишто може
повторно да се користат и се
соодветни за рециклирање. Не
фрлајте го производот со нормалниот
домашен и друг отпад кога нема повеќе
да го користите. Однесете го во собирен
центар за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Консултирајте ги
локалните надлежни тела за да дознаете
каде се овие собирни центри.
Усогласеност со директивата за ризик
од опасни материи
Производот што го купивте е усогласен
со директивата на ЕУ за ризик од опасни
материи (2011/65/EU). Не користи
штетни и забранети материјали коишто
се посочени во директивата.
1.2 Информации за пакувањето
Материјалите за пакувањето на
производот се изработени од
рециклирачки материјали во
согласност со нашите
национални регулативи за животна
средина. Не фрлајте го материјалот од
пакувањето заедно со домашниот или
друг отпад. Однесете го во центар за
собирање материјал од пакување што го
посочува локалното надлежно тело.