Совети за чување храна
Овој уред е наменет за чување на
замрзната храна подолг период како и за
замрзнување на свежа храна.
Еден од главните елементи за успешно
замрзнување е пакувањето.
При пакувањето мора да се запазат
следните работи:непропуштањена воздух,
отпорни на ниски температури, отпорни на
течности, маснотии, водена пареа, мирис и
да може да се миат.
Следните типови на пакувања ги
задоволуваат горенаведените барања:
пластичи и алуминиумски фолии,
пластични и алуминиумски ќеси, чаши од
картон кои се премачкани со восок или
пластични чаши.
В А Ж Н О !
-
За замрзнување на свежа храна,
користете ја корпата во уредот.
-
Не поставувајте голема количина на
храна во уредот истовремено. Квалитетот
на храната најдобро се одржува ако
замрзнувањето е што побрзо. Затоа се
советува да не го преминувате капацитетот
на полнење наведен во „Информации за
уредот". За да го намалите времето за
замрзнување, притиснете го копчето ,,брзо
замрзнување,,.
-
Свежата храна не смее да дојде во
контакт со веќе замрзнатата храна.
-
Замрзнатата храна која сте ја купиле,
може да се постави во замрзнувачот без
подесување на термостатот.
-
Ако на пакувањето не е наведен датумот,
како општ податок земете го најмногу три
месеци.
-
Храната, дури и ако е делумно замрзната,
не смее повторно да се замрзнува. Мора
да се конзумира или да се приготви па
потоа да се замрзнува.
-
Газираните пијалоци не смее да се чуваат
во замрзнувачот.
-
Во случај на прекин на струја, не ја
оварајте вратата на замрзнувачот. На
смрзнатата храна нема да и биде ништо
ако прекинот трае помалку од 36 часа.
Н е з а б о р а в а ј т е !
После 24 часа, откако храната е
поставена внатре, прекинтете ја
функцијата ,,брзо замрзнување,, со
повторно притискање на копчето, со
што портокаловото светло ќе се
исклучи.
47
МК
Упатство за употреба