25/27 MK
Фрижидер/Упатство за употреба
7
Решавање проблеми
Проверете го списокот пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари. Овој список
ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на
материјали. Одредени спомнати одлики може да не се однесуваат на вашиот производ.
Ако ладилникот не работи.
•
Приклучокот за струја не е наместен убаво. >>> Приклучете го убаво да влезе во
штекерот.
•
Осигурувачот за штекерот што обезбедува струја за производот или главниот осигурувач
се прегорени. >>> Проверете ги осигурувачите.
Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот (ПОВЕЌЕНАМЕНСКА
ЗОНА, КОНТРОЛА НА ЛАДЕЊЕТО И ФЛЕКСИБИЛНА ЗОНА).
•
Средината е многу студена. >>> Не поставувајте го производот во средина каде што
температурата се спушта под -5 ºC.
•
Вратата се отвора многу често >>> Внимавајте да не ја отворате вратата многу често.
•
Има многу влага во средината. >>> Не поставувајте го производот во средина со влага.
•
Течната храна се чува во садови без капак. >>> Чувајте ја течната храна во затворени
садови.
•
Вратата на производот е оставена отворена. >>> Не оставајте ја вратата отворена долго.
•
Термостатот е поставен на ниска температура. >>> Поставете го термостатот на
соодветната температура.
Компресорот не работи.
•
Ако снема струја или ако го извлечете приклучокот од штекерот и потоа повторно го
приклучите, притисокот на гасот во системот за ладење на производот нема да биде
рамномерен што предизвикува вклучување на термичката заштита на компресорот.
Производот ќе се рестартира по околу 6 минути. Повикајте сервисер ако производот не се
рестартира по овој период.
•
Вклучено е одмрзнувањето. >>> Ова е нормално за целосно автоматизиран процес на
одмрзнување. Одмрзнувањето се извршува периодично.
•
Производот не е вклучен.>>> Проверете дали кабелот за струја е вклучен.
•
Поставката за температура не е точна. >>> Изберете соодветна поставка за
температурата.
•
Нема струја. >>> Производот ќе продолжи да работи кога ќе дојде струја.
Буката од работата на ладилникот се зголемува додека работи.
•
Работата на производот може да се разликува во зависност од промените на
температурата во средината. Тоа е нормално и не е грешка.