27
/36MK
Фрижидер/Упатство за употреба
ешавање на проблеми
Тресење или бучава.
•
Подот не е рамен или издржлив. >>> Ако производот се тресе кога ќе го помрднете малку,
прилагодете ги ногарките за да го порамните. Проверете и дали подот е доволно издржлив
да го носи производот.
•
Работите ставени врз производот предизвикуваат бучава. >>> Тргнете ги работите што сте
ги ставиле врз него.
Производот испушта звуци на течење, прскање и сл.
•
Работните принципи на производот вклучуваат течење на течност и гас. >>> Тоа е
нормално и не е грешка.
Звук на ветер се слуша од производот.
•
Производот користи вентилатор во процесот на ладење. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните ѕидови на производот.
•
Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и
не е грешка.
•
Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Не отворајте ги
вратите многу често. Ако се отворени, затворете ги.
•
Вратата е оставена подотворена. >>> Затворете ја вратата убаво.
Има кондензација по надворешноста на производот или меѓу вратите.
•
Климата во средината е влажна. Ова е нормално за влажна клима. >>> Кондензацијата ќе
исчезне кога ќе се намали влагата.
Внатрешноста мириса лошо.
• Производот не се чисти редовно. >>> Редовно чистете ја внатрешноста со сунѓер и топла
вода со сода бикарбона.
• Одредени држачи и материјали за пакување создаваат миризби. >>> Користете држачи и
материјали за пакување што не содржат миризби.
• Храната се чува во садови без капак. >>> Чувајте ја храната во затворени садови. Може да
се развијат микроорганизми кај храната што не се чува во затворен сад со што се создава
лоша миризба. Отстранете ја храната со истечен рок или расипаната храна од производот.
Вратата не се затвора.
•
Пакувањето на храната ја блокира вратата. >>> Преместете ги работите што ги блокираат
вратите.
•
Производот не е поставен во целосно исправена положба на подот. >>> Прилагодете ги
ногарките за да го порамните.
•
Подот не е рамен или издржлив. >>> Проверете дали подот е рамен и доволно издржлив
да го носи производот.
Корпата за зеленчук е преполна.
•
Храната се допира до горната секција во фиоката. >>> Разместете ја храната во фиоката.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ако проблемот опстојува и откако сте ги примениле сите упатства
во ова поглавје, контактирајте со продавачот или овластен сервис. Не обидувајте се да го
поправите апаратот.