100 / MK
Машина за турско кафе / Упатство за употреба
2
Употреба
Ако сакате, можете да го наполните резервоарот за вода (10) и без целосно да го
отстранувате. Повторете го истиот процес кога уредот ќе ве предупреди дека водата е
истрошена (5).
За да ја наполните пумпата и системот со вода, испуштете го воздухот
од системот:
3sn
1
2
1
2
Ставете го ѓезвето за варење кафе
врз грејната површина (14) во левата
преграда. Притиснете го копчето за
варење кафе во левата преграда за 3
дози кафе (2).
Штом ќе заврши пумпањето вода,
притиснете го и држете го истото копче
3 секунди за да го завршите процесот
на варење кафе.
Земете го ѓезвето (15) и истурете ја
водата во мијалникот.
Така се гарантира правилна работа на пумпата во уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Повторувајте го овој процес и откако ќе го отстраните/ставите
резервоарот од/на место и пред да варите кафе.
За да ја приспособите количината вода согласно големината на шолјата за
кафе:
Мала шолја за една доза
Во просек 60 милилитри.
Средна шолја за една доза
Во просек 70 милилитри.
Голема шолја за една доза
Во просек 80 милилитри.