Правосмукалка / Прирачник за употреба
53 / 62 МК
4
Чистење и одржување
Исклучете го уредот од струја пред да го
чистите.
A
П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е :
Никогаш не употребувајте бензин,
растворувачи, абразивни агенси
за чистење, метални објекти или
тврди четки кога го чистите уредот.
4.1 Празнење на собирникот
на прав
1. Притиснете го резето за отстранување на
собирникот на прав (11) кон вас за да го
отстраните собирникот (12).
2. Притиснете го копчето за ослободување
лоцирано под собирникот за прав за да
го отворите капакот и да го испразните
собирникот.
3. Откако сте го испразниле, затворете го
капакот (12); ќе слушнете кликање.
4. Вметнете го собирникот за прав (12) назад на
место.
4.2 Чистење на филтрите
A
П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е :
Не употребувајте уреди што
произведуваат топол воздух за
сушење на филтрите, како што се
фенови за коса или грејалки.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не
ги монтирајте филтрите без
целосно да се исушат; инаку
може да се појави мирис на влага
при употреба на уредот, може
да протече вода од неговата
задна страна или филтрите да се
оштетат.
A
П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е :
Вратете ги филтрите на нивните
места откако ќе се исушат.
4.2.1 Филтер за заштита на
моторот
Овие филтри се лоцирани на задната страна
од собирникот за прав (12).
5. Притиснете го резето за отстранување на
собирникот на прав (11) кон вас за да го
отстраните собирникот (12).
6. Отстранете го HEPA филтерот и филтерот за
заштита на моторот што се наоѓа на задниот
дел од собирникот на прав (12).
7. Откако ќе го исперете филтерот со вода под
чешма, исцедете го малку и оставете го да се
суши (минимум 24 часа).
8. Истресете го влезниот HEPA филтер за да ја
отстраните правта од него. Потоа можете да
го исперете со ладна вода под чешма.
9. Доколку сте го испрале HEPA филтерот,
исушете го на собна температура (минимум
24 часа). Не го употребувајте доколку не е
комплетно исушен.
4.2.2 HEPA филтер
HEPA филтерот е лоциран на задната страна
од уредот.
1. Отстранете го HEPA филтерот со негово
извлекување од рачката.
2. Истресете го излезниот HEPA филтер за да
ја отстраните правта од него. Потоа можете
да го исперете со ладна вода под чешма.
3. Доколку сте го испрале HEPA филтерот,
исушете го на собна температура (минимум
24 часа). Не го употребувајте доколку не е
комплетно исушен.