Македонски |
115
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
u
Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови.
Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
u
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии.
Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за воздушни пумпи
Кога користите воздушна пумпа,
внимавајте да не го надминете
дозволениот притисок на производот што
треба да се надува.
Производот може да
пукне или да се скрши и притоа може да се
повредите.
Цревото и металните делови на
адаптерите можат да се прегреат при
подолго работење
. При подолго работење
планирајте паузи и доколку е потребно,
оставете ги деловите да се изладат.
u
Не ја оставајте воздушната пумпа без надзор.
u
По пумпањето, проверете го притисокот на Вашиот
производ со калибриран уред за мерење.
Погрешен
притисок може да доведе до опасни ситуации, на пр.
различно ракување со Вашиот автомобил.
u
Не им дозволувајте на децата да ја користат
воздушната пумпа. Не ги насочувајте цревото за
воздухот одн. протокот на воздухот во устата,
ушите или очите на луѓето или животните и не
издувајте прашина или други честички кон луѓето
или животните.
Ова може да доведе до повреди.
u
Не ја користете пумпата за воздух ако приказот или
другите делови се неисправни.
Дозволениот
притисок на производот што треба да се надува може
да се надмине и да доведе до опасни ситуации.
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства.
Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Воздушната пумпа е наменета за надувување на гуми за
велосипеди, мотоцикли и автомобили, како и за
надувувања на мали производи за играње, спорт и
плажа.
Не е погодна за надувување производи на надувување со
голем волумен (на пр. душеци на надувување).
Воздушната пумпа е наменета исклучиво за употреба во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува
на приказот на воздушната пумпа на графичката страна.
(1)
Манометар
(2)
Приказ за наполнетост на батеријата
(3)
Копче за отклучување на батерија
a)
(4)
Батерија
a)
(5)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(6)
Блокада при вклучување
(7)
Поклопец за додатокот на преградата за
складирање
(8)
Држач за црево
(9)
Стега за црево
(10)
Црево под притисок
(11)
Работно светло
(12)
Волуменски адаптер
(13)
Вентилски адаптер
(14)
Иглица за пумпа
(15)
Блокада на преграда за складирање
a)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Bosch Power Tools
1 609 92A 6BC | (09.12.2021)