146
| Македонски
u
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии.
Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за дупчалка-
одвртувач
Безбедносни упатства за сите типови работа
u
Држете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете за да не дојде во контакт
со скриена жица.
Ако опремата за сечење или
прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“,
може да ги изложи металните делови на електричниот
алат „под напон“ и операторот може да добие струен
удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
u
Никогаш не користете поголема брзина од
максималната означена брзина на бургијата.
При
поголема брзина, бургијата може да се искриви ако
слободно ротира надвор од делот што се обработува, и
да се повредите.
u
Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува.
При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
u
Притиснете во директна линија со бургијата, и без
прекумерен притисок.
Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
u
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
u
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар.
Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
u
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
u
Цврсто држете го електричниот апарат.
При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Заштитете го електричниот алат од
топлина, на пр. од долготрајно
изложување на сончеви зраци, оган, вода
и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија.
u
Пред било каква интервенција на електричниот
уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна
позиција.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Безбедносни напомени за полначи
u
Овој полнач не е предвиден за
употреба од деца и лица со
ограничени физички, сензорни
или ментални способности или
со недоволно искуство и знаење.
Овој полнач може да го користат
деца над 8 години како и лица со
ограничени физички, сензорни и
ментални способности или со
недоволно искуство и знаење,
доколку се под надзор од лица
одговорни за нивната
безбедност или се подучени за
безбедно ракување со полначот
и ги разбираат опасностите кои
може да произлезат поради тоа.
Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
u
За време на користењето,
чистењето и одржувањето
надгледувајте ги децата.
Така ќе
се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Држете го полначот подалеку од дожд или
влага.
Навлегувањето на вода во електричниот уред го
зголемува ризикот од електричен удар.
u
Полнете го електричниот апарат само со
испорачаниот полнач.
u
Одржувајте ја чистотата на полначот.
Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
1 609 92A 6DD | (05.08.2021)
Bosch Power Tools