Македонски |
131
u
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор.
Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
u
Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт.
При
случаен допир, измијте се со млаз вода.
Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош.
Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
u
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
оштетен или изменет.
Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
u
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
оган или висока температура.
Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
u
Следете ги сите упатства за полнење и не го
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
u
Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови.
Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
u
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии.
Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за резач
u
Електричниот алат не е погоден за стационарна
употреба.
Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
u
При работа носете заштитни ракавици.
На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите.
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства.
Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без
деформација на материјалот и е погоден за прави
резови, изрези и тесни криви.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Батерија
a)
(2)
Копче за отклучување на батерија
a)
(3)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(4)
Шраф за држачот на матрицата
(5)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(6)
O-прстен
(7)
Држач за матрицата
(8)
Втиснувач
(9)
Матрица
(10)
Гумен прстен за шрафот со нарецкана глава
(11)
Шраф со нарецкана глава за матрицата
a)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Резач
GNA 18V-16 E
Број на дел
3 601 E29 6..
Номинален напон
V=
18
Број на работни одови во
празно n₀
min
–1
1400
A)
Максимална дебелина на
лимот за сечење
B)
mm
1,6
Bosch Power Tools
1 609 92A 7AW | (25.02.2022)