146
| Македонски
алат.
Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена:
Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија
(2)
во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување/исклучување
За
вклучување
на електричниот алат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување
(4)
надесно или
налево. Потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3)
и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување
(3)
и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За
исклучување
на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(3)
.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување
(3)
.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување
(3)
се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
електричниот алат.
u
Доколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или пулт за
сечење (Bosch PLS 300).
За прецизно работење може да го користите
електричниот алат како убодна пила, а за груби и брзи
резови како сабјеста пила. Вметнете го сечилото за пила
за сечење со убодна пила со правец на резот нанапред,
за сечење со сабјеста пила со правец на резот наназад.
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето.
При долги прави резови во дебело дрво линијата на резот
може да се искриви. За прецизни резови во овој случај
се препорачува користење на тркалезна пила од Bosch.
Сечење со вдлабнување (види слика C)
u
Смеат да се обработуваат само меки материјали
како меко дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила
за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча
(7)
на делот што се обработува, без
сечилото за пила
(8)
да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча
(7)
целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Сечење со сабјеста пила (види слика D)
u
При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
u
При сечење внимавајте на тоа, основната плоча
секогаш да лежи на делот што се обработува.
Листот за пилата може да се блокира и да доведе до
губење контрола над електричниот алат.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча
(7)
на површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пилата, веднаш
исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот
што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и
извлечете го електричниот алат.
1 609 92A 4L7 | (06.11.2018)
Bosch Power Tools