Македонски |
133
Bosch Power Tools
1 609 92A 32L | (8.8.16)
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила.
Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
По исклучувањето не го закочувајте листот за пила
со странично притискање.
Листот за пила може да се
оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Доколку се блокира листот за пилата, исклучете го
електричниот апарат. Бидете претпазливи со
високите реакциски моменти, што може да
предизвикаат повратен удар.
Листот за пилата се
блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага.
Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch.
Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание.
Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за разделување и сечење
во дрво, гипс картон, нежелезни метали и пластика на
стабилна подлога. Тој е наменет за кратки резови, како
прави така и криви.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Копче за отклучување на батеријата
2
Батерија*
3
Прекинувач за вклучување/исклучување
4
Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
5
Лампа „PowerLight“
6
Рачка (изолирана површина на дршката)
7
Основна плоча
8
Лист на пилата*
9
SDS-прифат за листот за пилата
10
Приказ за наполнетоста на батеријата
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Убодни и сабјести пили
EasySaw 12
Број на дел/артикл
3 603 CB4 0..
Номинален напон
V=
10,8–12
Број на удари во празен од n
0
min
-1
0–2200
Прифат на алатот
SDS
Контрола на бројот на вртежи
Удари
мм
12
макс. длабочина на резот
– во дрво
– во гипс картон
– во пластика
– во алуминиум
мм
мм
мм
мм
30
24
10
2
Тежина согласно EPTA-Procedure
01:2014
кг
1,1
Дозволена температура на
околината
– при полнење
– при работа
1)
и при складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
PBA 10,8V...
PBA 12V...
Препорачани полначи
AL 11..
1) ограничена јачина при температури <0 °C
OBJ_BUCH-2927-001.book Page 133 Monday, August 8, 2016 11:04 AM