140
mk | Радиомрежа
Wireless Smoke Alarm
08.2015 | 2.1 | F.01U.309.853
Bosch Sicherheitssysteme GmbH
2. И за двата уреда, притиснете и држете го копчето приближно 4
сек. додека и двата уреда не почнат да трепкаат портокалово
(поврзување). -> По кратко време, уредите светнуваат зелено
(поврзувањето е успешно) или црвено (поврзувањето не е
успешно).
За да поврзете уште еден уред, повторете ја постапката за еден уред
од постоечката мрежа и за непрограмираниот уред. (До 40 уреди
може меѓусебно да се поврзат.)
Откако ќе ги поврзете сите уреди и тие повторно ќе бидат во
нормален режим (без оптички сигнал), тестирајте ја мрежата.
Тестирање на мрежата
Дополнително на
Проверка на функционалноста, page 142
(7), за секој
уред, тестирајте ја мрежата:
1. Одберете го уредот што треба да го покрие најдолгото растојание
за да ги поврзете уредите. За да испратите радио-сигнал за
тестирање, притиснете и држете го копчето приближно 4 сек.
додека LED-диодата не трепне портокалово (поврзување).
2. Притиснете го и отпуштете го копчето (< 2 сек.).
По кратка пауза, сите уреди во мрежата трепкаат зелено 5 минути
(без звучен сигнал). Доколку не е така, постапката за поврзување не
успеала или растојанието помеѓу поврзаните уреди е премногу
големо (поврзаните уреди не можат да стапат во контакт еден со
друг). За да го продолжите оперативниот опсег, вклучете ја
функцијата повторувач.
За да го сопрете трепкањето порано, притиснете го и држете го
копчето приближно 10 сек.