142
mk | Одржување
Wireless Smoke Alarm
08.2015 | 2.1 | F.01U.309.853
Bosch Sicherheitssysteme GmbH
Додавање уреди на постоечка мрежа
Извршете
мрежа и за непрограмираниот уред. (До 40 уреди може меѓусебно да
се поврзат.)
Исклучување уред (Ресетирање)
За исклучување уред треба да ги вратите фабричките поставки.
Уредот ќе продолжи да работи, но повеќе нема да биде поврзан со
други уреди.
–
Ако уредот е во нормален режим (со склопени глава и основа,
без оптички сигнал), притиснете и држете го копчето повеќе од
10 сек. -> LED-диодата трепнува прво во портокалова боја
(поврзување), а потоа во црвена (ресетирање). По отпуштање на
копчето, LED-диодата се менува од црвена, зелена, во
портокалова (тестирање на LED-диода).
4
Одржување
Проверка на функционалноста
На месечно ниво мора да се прават визуелна инспекција и проверка
на функционалноста за секој поединечен уред. По проверката на
функционалноста, звукот на уредот се исклучува 10 минути, дури и
кога ќе се предизвика аларм.
–
Уредот е во нормален режим (нема сигнал). За да ја извршите
проверката на функционалноста, притиснете го и отпуштете го
копчето (< 2 сек.). (6) -> Сирената се огласува 3 пати ≥85 dB(A),
LED-диодата трепка црвено, светлото за итни случаи е вклучено.
Потоа LED-диодата трепка црвено еднаш на секои 10 секунди
(исклучен звук). По 10 минути, уредот повторно ќе се префрли
во нормален режим.