184
| Македонски
1 609 92A 08W | (29.5.13)
Bosch Power Tools
Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена
состојба.
Користете го електричниот апарат само за сечење
во суви материјали.
Навлегувањето на вода во
електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
сечењето, металните струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што
се вметнуваат.
Струјниот кабел може да се пресече
или да се зафати.
Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги
замастувајте.
Замастените дршки се лизгаат и може да
доведат до губење на контролата.
Користете го електричниот уред само доколку на
работната површина до делот што се обработува
нема алати за подесување, метални струготини итн.
Малите метални парчиња или другите предмети, кои
доаѓаат во контакт со ротирачкиот лист за пила, може да
летнат кон корисникот со голема брзина.
Одржувајте го подот чист, без метални струготини и
остатоци од материјал.
Може да се лизнете или да се
сопнете.
Секогаш зацврстувајте го добро делот што се
обработува. Не обработувајте мали парчиња, кои се
премали за добро да се зацврстат.
Растојанието од
вашата дланка до ротирачкиот лист за пилата така би
било премало.
Користете го електричниот апарат само за
материјали, кои се соодветно наменети за таа
употреба.
Инаку електричниот апарат може да се
преоптовари.
Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете
го електричниот апарат и држете го цврсто делот
што се обработува, додека листот за пилата не дојде
во состојба на мирување. За да избегнете повратен
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири.
Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
листови за пила.
Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен процеп,
предизвикуваат зголемено триење и заглавување на
листот на пилата или повратен удар.
Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
во облик на ѕвезда или тркалезен).
Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
Не користете листови за пила од високо легиран
брзорезен челик (HSS-челик).
Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади.
Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено.
Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте во него.
Овој мерен уред
создава ласерски зраци од класата 1М според
IEC 60825-1. Директното гледање во ласерскиот зрак
– особено со оптички инструменти за зголемување
како двоглед итн. – окото може да се оштети.
Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг
тип.
Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на
овој електричен апарат, може да настанат повреди на
лицата.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување.
Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
Ласерско зрачење
Не посматрајте директно со
оптички инструменти
Класа на ласер 1M
OBJ_BUCH-1938-001.book Page 184 Wednesday, May 29, 2013 1:42 PM