Македонски |
155
Bosch Power Tools
1 609 92A 0MA | (10.7.14)
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот.
Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства.
Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот.
Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат.
Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите.
Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош.
Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за рамни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење
Овој електричен апарат треба да се користи како
брусилка. Внимавајте на сите безбедносни
напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги
добиле во прилог на електричниот апарат.
Доколку
не внимавате на следните упатства, може да дојде до
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Овој електричен апарат не е погоден за брусење со
брусна хартија, работа со жичани четки, полирање и
сечење со брусни плочи.
Доколку го користите
електричниот апарат за несоодветни намени, може да
се предизвикаат опасност и повреди.
Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат.
Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
Дозволениот број на вртежи на опремата за брусење
мора да биде исто толку висок како највисокиот број
на вртежи наведен на електричниот апарат.
Опремата
за брусење којашто се врти побрзо од дозволеното може
да се скрши и да летне од алатот.
Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат.
Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
Брусните плочи, брусните валјаци или другата
опрема мора да биде соодветна на вретеното за
брусење или затезната чаура на вашиот електричен
апарат.
Алатите за вметнување што не може точно да се
прицврстат во прифатот за алат на електричниот
апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и
може да доведат до губење на контролата.
Дисковите, цилиндрите за брусење, алатите за
сечење или другата опрема монтирани на трнот
мора целосно да бидат вметнати во затегнувачката
чаура или затегнувачката глава. „Издадениот“ одн.
слободниот дел на трнот помеѓу брусното тело и
затегнувачката чаура мора да биде минимален.
Доколку чивијата не е доволно затегната или брусното
тело е предалеку поставено, алатот за вметнување
може да се олабави и при висока брзина може да се
исфрли.
Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи имаат
скинати делови и процепи, дали на брусните валјаци
OBJ_BUCH-1461-003.book Page 155 Thursday, July 10, 2014 10:26 AM