156
| Македонски
1 609 92A 0MA | (10.7.14)
Bosch Power Tools
има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и
дали има олабавени или скршени жици на жичаната
четка. Доколку ви падне електричниот апарат или
алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен
или пак употребете неоштетен алат за вметнување.
Откако сте го провериле и ставиле алатот за
вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат
во близина на нивото на ротирачкиот алат што се
вметнува и оставете го алатот да врти една минута
на највисок број на вртежи.
Повеќето од оштетените
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој
пробен период.
Носете заштитна опрема. Во зависност од
употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни
ракавици или специјални престилки што ќе ве
заштитат од честичките настанати при брусење на
материјалот.
Треба да ги заштитите очите од туѓите
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат
правта што настанува при употребата. Доколку сте
изложени на гласна врева подолго време, може да го
изгубите слухот.
Доколку има други лица во работното поле, држете
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема.
Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу
и да предизвикаат повреди и надвор од директното
поле на работа.
Држете го уредот само за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли.
Контактот со струјниот кабел може металните
делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до
електричен удар.
Секогаш држете го цврсто електричниот апарат при
стартувањето.
При старт со полн број на вртежи,
реакцискиот момент на моторот може да доведе до тоа,
електричниот апарат да се заврти.
Доколку е возможно, употребете клешти за да го
фиксирате делот што го обработувате. Никогаш не
го држете делот што се обработува во една рака и
електричниот апарат во друга додека го користите.
Со затегнувањето на малите делови за обработка,
рацете ќе ви бидат слободни за подобра контрола на
електричниот уред. При сечење на заоблени делови за
обработка, како на пр. дрвени типли, прачки или цевки,
тие имаат тенденција да се оттркалаат, при што може да
се заглават во алатот што се вметнува и да се исфрлат
кон вас.
Никогаш не го оставајте електричниот апарат,
доколку алатот за вметнување не е целосно во
состојба на мирување.
Ротирачкиот алат што се
вметнува може да дојде во контакт со површината на
која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите
контролата над електричниот апарат.
По менувањето на алатите за вметнување или
поставките на уредот, затегнете ги навртките на
затезната чаура, затезната глава и останатите
елементи за прицврстување.
Олабавените елементи
за прицврстување може неочекувано да се поместат и
да доведат до губење на контролата; неприцврстените
ротирачки компоненти ќе се исфрлат со голема сила.
Електричниот апарат не смее да биде во погон
додека го носите.
Вашата облека може да се зафати од
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт,
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат.
Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
Не го користете електричниот апарат во близина на
запаливи материјали.
Искрите што се создаваат може
да ги запалат овие материјали.
Не користете алати за вметнување, за кои е
потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
Повратниот удар е ненадејна реакција како последица
на заглавен или блокиран ротирачки алат што се
вметнува, како брусна плоча, брусна лента, жичани
четки итн. Заглавувањето или блокирањето
предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот
алат што се вметнува. Така, неконтролираниот
електричен апарат се забрзува наспроти правецот на
вртење на алатот што се вметнува на местото на
блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна
плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што
се обработува може да се закачи и така да ја скрши
брусната плоча или да предизвика повратен удар.
Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или
наспроти него, во зависност од правецот на вртење на
плочата на местото на блокирање. Притоа брусните
плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со
соодветните мерки за предупредување, како што е
опишано подолу.
Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе
може да ја издржите повратната сила.
Со
преземањето на потребните мерки корисникот може да
ја совлада силата од повратен удар.
Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави.
Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
OBJ_BUCH-1461-003.book Page 156 Thursday, July 10, 2014 10:26 AM