Македонски |
157
Bosch Power Tools
1 609 92A 0MA | (10.7.14)
Не користете назабени листови за пила.
Таквите
алати за вметнување честопати предизвикуваат
повратен удар или губење на контролата над
електричниот апарат.
Алатот за вметнување водете го секогаш по истиот
правец во материјалот, при што работ на сечење
минува низ материјалот (истиот правец во кој се
исфрлаат струготините).
Доколку го водите
електричниот апарат во погрешен правец, може да се
случи алатот за вметнување да излезе од делот што се
обработува, при што електричниот апарат ќе се
повлече во овој правец на поместување.
Секогаш затегнувајте го делот што се обработува
доколку користите ротирачки турпии.
При мали
заоблувања на рабови, овие алати за вметнување може
да се заглават во жлебот и да предизвикаат повратен
удар. При заглавување на ротирачките турпии,
додатокот за алатот може да отскокне од жлебот и да
доведе до губење на контролата над електричниот
уред.
Специјални безбедносни напомени за брусење
Користете исклучиво брусни тела одобрени за
вашиот електричен апарат и само за препорачаните
можности за примена. Пример: Не брусете со
страничната површина на брусната плоча за
сечење.
Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
За конусните и плоснати брусни клинови со навој
користете само неоштетени чивии со правилна
големина и должина, без рез на задната страна.
Употребата на соодветни чивии ја намалува можноста
за кршење.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба.
Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага.
Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание.
Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење и
отстранување на остатоци од метал со корундни брусни
тела, како и за работење со апарати со брусна лента.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Затезна чаура
2
Стезна навртка
3
Вретено за брусење
4
Грло на вретеното
5
Прекинувач за вклучување/исклучување
6
Копче за отклучување на батеријата*
7
Батерија*
8
Рачка (изолирана површина на дршката)
9
Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
10
Приказ за наполнетоста на батеријата*
11
Вилушкаст клуч на вретеното за брусење*
12
Вилушкаст клуч на стезната навртка*
13
Точни димензии на вратилото L
0
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
OBJ_BUCH-1461-003.book Page 157 Thursday, July 10, 2014 10:26 AM