154
| Македонски
Монтажа
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
u
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема.
Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена:
Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u
По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата
(5)
притиснете на копчињата
за отклучување
(6)
и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот алат.
Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат
Клучот со внатрешна шестаголна глава
(18)
потребен за
замена на сечилата на рендето е сместен во
внатрешноста на електричниот алат и секогаш треба да се
чува таму (види слика
F
).
u
Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење.
Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете го само оригиналното
Bosch
-HM/TC-сечило за
ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2
секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот
се тапи, секачот на рендето
(17)
мора да се замени. HM/
TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.
Демонтирање на сечилото на рендето (види слика A)
За вртење или менување на сечилото на рендето
(17)
свртете ја главата на сечилото
(19)
, додека не дојде
паралелно со подвижната подлога на рендето
(14)
.
➊
Олабавете ги 2-те завртки за прицврстување
(21)
со
клуч со внатрешна шестаголна глава
(18)
околу 1 – 2
вртења.
➋
Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент
(20)
со лесно удирање со соодветен алат, на пр.
дрвен клин.
➌
Притиснете ја страничната заштита на назабеното
сечило
(8)
надолу и турнете го сечилото на рендето
(17)
со дрвено парче странично од главата на ножот
(19)
.
Монтирање на сечилото на рендето (види слика B)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот
во затезниот елемент
(20)
и секачот на рендето
(17)
.
Внимавајте при монтажа на сечилото на рендето, тоа
беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на
затезниот елемент
(20)
и да се центрира рамно на
страничниот раб од подлога на рендето
(9)
. На крај
цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување
(21)
со клуч со внатрешна шестаголна глава
(18)
.
Напомена:
Пред да почнете со работа, проверете дали
се добро вметнати завртките за прицврстување
(21)
.
Свртете ја главата на секачот
(19)
со рака и проверете
дали секачот на рендето стружи на некое место.
Напомена
: Во фиоката
(7)
може да се остави резервно
сечило
(17)
(види слика
E
).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини
(13)
. За
тоа исклучете го електричниот алат. Извадете го
исфрлувачот на струготини и потчукнете го. За чистење
1 609 92A 4LD | (19.02.2019)
Bosch Power Tools