156
| Македонски
LED светилки
Капацитет
Трајно светло 2× зелено
≥ 33 %
Трајно светло 1× зелено
<33 %
Трепкаво светло 1× зелено
Резерва
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При оптоварување се намалува бројот на вртежи.
Оставете го електричниот апарат неоптоварен на
највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди
да се олади.
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Процес на рендање
Подесете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подвижната
подлога од рендето
(14)
на делот што се обработува.
u
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
на делот што се обработува.
Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот алат.
Закосување на рабови (види слика D)
V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето
(15)
овозможува брзо и едноставно закосување на
рабовите од делот што се обработува. Притоа поставете
го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се обработува
и водете го по должина на делот што се обработува.
Употребен жлеб
димензија a
(mm)
V-жлеб
2,1 – 5,0
средно
0,0 – 2,8
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Чистете го електричниот алат редовно со помош на
компресиран воздух.
Држете ја слободно страничната заштита на назабеното
сечило
(8)
и чистете ја редовно.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
1 609 92A 4LD | (19.02.2019)
Bosch Power Tools