Македонски |
215
Bosch Power Tools
F 016 L81 097 | (13.5.15)
Обезвоздушување на
високопритисната пералка и
цревото (види слика G)
ЗАБЕЛЕШКА:
Обезвоздушете ја високопритисната
пералка при секое приклучување на водоснабдувањето
во следните чекори:
Притиснете го прекинувачот за струја на OFF (0).
Oтстранете го копјето од пиштолот за прскање.
– Кога е притиснат активаторот се слуша како минува
воздух и вода од пиштолот. Држете го активаторот
притиснат се додека водата не почне рамномерно да
тече. Пуштете го активаторот
– Монтирајте го копјето.
– Приклучете ја високопритисната пералка на струја.
– Притиснет го прекинувачот за вклучување, а потоа
притиснете го активаторот на пиштолот.
Користење на алтернативни извори
на вода (види слика I)
Високопритисната пералка може да црпи вода од
природни резервоари или извори на вода. Само е
ВАЖНО
водата да биде чиста и внатрешниот и
надворешниот филтер да се монтирани и чисти (види
Одржување на делови).
Отворени резервари и природни
извори (види слика I)
Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој се
состои од:
– Влезна цедилка со неповратен вентил
– 3 м ојачано црево
– Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да црпи
вода од 0,5 м над нивото на водата. Тоа може да трае
25 – 50 секунди.
Целосно потопете го трометражното црево
во вода за да излезе од него сиот воздух.
Поврзете го трометражното црево со
високопритисната пералка и осигурајте се
дека влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи со
отстранет пиштол, се додека водата не почне рамномерно
да тече од високопритисното црево. Кога после 25 – 50
секунди сеуште нема вода, згаснете го уредот и проверете
ги сите спојки. Ако водата тече, згаснете ја
високопритисната пералка и монтирајте ги копјето и
пиштолот за употреба.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра
состојба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените
спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.
Резервари со чешми (види слика I)
Ако високопритисната пералка се поврзува со
резервоарот преку чешма, прво монтирајте го
соодветното црево на чешмата од резерварот (не е
приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе
целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во
високопритисната пералка.
Употреба на детергенти
(види слика J)
Употребувајте само детергенти коишто ги
препорачува произведувачот на уредот и следете ги
упатствата за употреба, одлив и безбедност дадени
од произведувачот на детергентот.
Повлечете го цревото од задната страна на уредот и
поврзете го во шише со детергент (не е приложено).
Повлечете ја млазницата нанадвор (низок притисок).
Притиснете го активаторот. Набрзо од млазницата ќе
излезе пена.
Прилагодувајте ја количината на детергент со завртката за
дозирање на задниот дел од рачката на високопритисната
пералка.
Вртете ја млазницата за прилагодување на млазот.
Отстранување грешки
Проблем
Можна причина
Решение
Моторот не се вклучува
Уредот не е вклучен на струја
Вклучете го уредот на струја
Утикачот е неисправен
Користете друг утикач
Прегорен осигурувач
Заменете го осигурувачот
Продолжниот кабел е оштетен
Пробајте без продолжен кабел
Активирана е заштитата на моторот од
прегревање
Оставете го моторот да се лади 15
минути
Замрзнување
Пуштете да се одмрзнат пумпата,
доводното црево и останатите делови.
OBJ_BUCH-2319-003.book Page 215 Wednesday, May 13, 2015 10:35 AM