Македонски |
223
1/4"-прифатот на стативот
(17)
на навојот на стативот
(32)
или обичен фото статив. За прицврстување на
обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив
(18)
. Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика B)
Со помош на универзалниот држач
(25)
може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач
(25)
, пред да
го вклучите мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика B)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерските линии користете го
ласерскиот приемник
(29)
. При работење со ласерски
приемник вклучете го режимот на приемник (види
„Режим на приемник“, Страница 220).
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила како
заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат
за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак,
тие не штитат од ласерското зрачење.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила како
очила за сонце или пак во сообраќајот.
Ласерските
заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики A–F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор
на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Мерниот уред смее да се складира и транспортира само
во заштитна чанта
(31)
одн. куфер
(34)
.
Во случај на поправка, испратете го мерниот уред во
заштитната чанта
(31)
одн. куферот
(34)
.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Мерните уреди, акумулаторите/батериите,
опремата и амбалажите треба да се отстранат
на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/ЕU мерните
уреди што се вон употреба и дефектните или
Bosch Power Tools
1 609 92A 5AZ | (16.10.2019)