146
| Македонски
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
u
Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци.
Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена:
Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u
По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата
(4)
притиснете на копчето за
отклучување
(5)
и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат.
Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата
(10)
при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување
(7)
за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и има 3 зелени
LED светилки.
LED-светилки
Капацитет
Трајно светло 3 x зелено
≥ 2/3
LED-светилки
Капацитет
Трајно светло 2 x зелено
≥ 1/3
Трајно светло 1 x зелено
< 1/3
Трепкаво светло 1 x зелено
Резерва
Доколку по притискањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(7)
не свети ниту една LED
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
u
При ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици.
Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
u
При менувањето на сечилата за пила внимавајте на
тоа, на прифатот за сечило за пила да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со
1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да
биде подолго отколку што е потребно за предвидениот
рез.
Вметнување на сечилото за пила (види слика B)
Свртете ја чаурата за блокирање
(3)
за околу 90° во
правец на стрелката и држете ја цврсто. Притиснете го
сечилото за пила
(1)
во прифатот за сечило за пила
(12)
.
Повторно отпуштете ја чаурата за блокирање .
u
Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото
за пилата.
Лабаво поставеното сечило за пила може
да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила
(1)
може да се
сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да
се стави.
Вадење на сечилото за пила (види слика C)
u
Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го
да се олади.
Доколку го допрете жешкото сечило на
пила, постои опасност од повреда.
Свртете ја чаурата за блокирање
(3)
за околу 90° во
правец на стрелката и држете ја цврсто. Извадете го
сечилото за пила
(1)
.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
1 609 92A 4T8 | (26.03.2019)
Bosch Power Tools