Македонски |
263
Кружна пила со
вдлабнување
GKT 18V-52 GC
Максимален опсег на
сигналот
D)
m
30
A) во зависност од употребената батерија
B) ограничена јачина при температури <0 °C
C) Мобилните уреди мора да се компатибилни со
Bluetooth
®
Low
Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic
Access Profile (GAP).
D) Опсегот може многу да варира во зависност од
надворешните услови, вклучително и приемникот што се
употребува. Во затворените простории и со метални
бариери (на пр. ѕидови, регали, куфери итн.) опсегот на
Bluetooth
® може значително да се намали.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно
EN 62841-2-5
.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок
96
dB(A);
ниво на звучна јачина
107
dB(A). Несигурност K =
3
dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност
со
EN 62841-2-5
:
Сечење на дрво: a
h
<
2,5
m/s
2
, K =
1,5
m/s
2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u
Употребувајте само сечила за пила, чија
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Поставување на
Bluetooth
® Low Energy модул
GCY 42
За информации за
Bluetooth
® Low Energy Module
GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Полнење на батеријата
u
Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци.
Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена:
Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u
По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата
(21)
има два степени на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата
(22)
. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот
алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата
(21)
притиснете на
копчињата за отклучување
(22)
и извлечете ја батеријата
наназад од електричниот алат.
Притоа не употребувајте
сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Bosch Power Tools
1 609 92A 4XT | (11.02.2020)