268
| Македонски
Функции на поврзување
За поврзување со
Bluetooth
® Low Energy модул GCY 42 на
располагање ги имате следните функции на поврзување
за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
– Поставка на степени на вртежи
За информации за
Bluetooth
® Low Energy Module
GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Приказот за паметен телефон
(41)
свети, ако
електричниот алат има испратено информација на
мобилен уред (на пр. предупредување за температура)
со помош на
Bluetooth
® радио технологијата.
Совети при работењето
u
Електричниот алат со вграден
Bluetooth
®
Low Energy
модул GCY 42 е опремен со далечински интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
u
Во предели каде
Bluetooth
®
-радио технологијата не
смее да се користи, мора да се исклучат
Bluetooth
®
Low Energy модулот GCY 42 и копчестата батерија
.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење на пластика
Напомена:
При сечење на пластика, особено на PVC,
настануваат долги спирални струготини, кои може
електростатички да се наполнат. Притоа, исфрлувачот на
струготини
(18)
може да се затне. Затоа најдобро е да се
работи со всисувач за прав.
Водете го вклучениот електричен алат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете во еден
потез и без прекини, за да не се заглавуваат брзо запците
на пилата.
Сечење на лесни градежни материјали (материјали со
минерални состојки)
u
При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Лесните градежни материјали може да се обработуваат
само со сечење на суво и со всисување на прав. Секогаш
работете со шина водилка
(30)
(опрема).
Всисувачот за прав мора да биде одобрен за всисување
на прав при обработка на камен. Bosch ги нуди
соодветните всисувачи на прав.
Сечење со шина водилка (види слика B)
Со помош на шината водилка
(30)
може да правите
праволиниски резови.
Гумената лента на шината-водилка служи како заштита од
кинење, што го спречува кинењето на површината при
сечење на дрвени материјали. Затоа сечилото за пила со
запците мора да лежи директно на гумената лента.
Пред првото сечење гумената лента мора да се подеси со
шината-водилка
(30)
на кружната пила што се користи.
Притоа, поставете ја шината-водилка
(30)
со целата
должина на делот што се обработува. Поставете
длабочина на сечење од околу 9 mm и правоаголен
искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја
рамномерно со лесно поместување во правец на резот.
Со сврзниот дел
(31)
може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
завртки што се наоѓаат на сврзниот дел.
Монтажа на шината-водилка на основната плоча (види
слика E)
Во основната плоча
(8)
интегрираниот тесен жлеб
(50)
може да се користи за шините-водилки прикажани на
страната со опрема. Поставете ја пилата на шината-
водилка и по потреба со двата лизгачки дискови
(45)
подесете ја точноста на вклопување на пилата и шината-
водилка.
За прилагодување на основната плоча на шини-водилки
со пошироки водечки мостови од други производители,
извадете го пластичниот додаток
(44)
.
Сечење со паралелен граничник (види слики F – G)
Паралелниот граничник
(46)
овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Провлечете ги водечките прачки на паралелниот
граничник
(46)
низ водилките на основната плоча
(8)
.
Монтирајте ги пеперутка-завртките
(47)
од двете страни
како што е прикажано на сликата, свртете ги пеперутка-
завртките
(47)
, но не ги затегнувајте премногу.
Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на
скалата на соодветните ознаки за сечење
(33)
одн.
(32)
,
(види „Ознаки за сечење (види слика
Затегнете ги пеперутка-завртките
(47)
.
Сечење со помошен граничник (види слика H)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
1 609 92A 4XT | (11.02.2020)
Bosch Power Tools