162
| Македонски
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Константната електроника одржува постојан број на
осцилации при празен од и оптоварување и овозможува
иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура на
батеријата електрониката го исклучува електричниот
алат, додека не се врати во оптималните граници на
температура.
Преглед на примена
Место на поставување
Примена
Абразиви
Степен на број
на вртежи
Основна брусна
плоча
80 x 130 mm
– Брусење на површини и аголни површини
– Брусење на засеци на прозорци и врати
– Брусење на стари бои и лакови
– Брусење на дрво
– Брусење на масивно дрво и рабови на
фурнир
Грубо брусење P40–P180
4–6
Фино брусење
P220–P400
1–3
Основна брусна
плоча
100 x 110 mm
– Брусење на површини и аголни површини
– Брусење на засеци на прозорци и врати
– Брусење на стари бои и лакови
– Брусење на дрво
Грубо брусење P40–P180
4–6
Фино брусење
P220–P400
1–3
Основна брусна
плоча
100 x 150 mm
– Брусење на ламели
– Брусење на засеци и профили
– Отстранување материјал на мали површини
со агли, заоблени делови и рабови
– Брусење на стари бои и лакови
– Брусење на дрво
Грубо брусење P40–P180
4–6
Фино брусење
P220–P400
1–3
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Капацитетот на отстранување материјал и начинот на
брусење во главно се одредуваат според изборот на
брусниот лист и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат. Вклучете го електричниот алат,
поставете го со целата површина за брусење на
подлогата што се обработува и движете го со благ
притисок преку парчето што го обработувате.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни
места може да работите со врвот или еден раб од
основната брусна плоча.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална
Bosch
брусна опрема.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
1 609 92A 6LL | (23.06.2022)
Bosch Power Tools