Македонски |
195
Вклучување/исклучување
За
вклучување
на мерниот уред, притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(1)
нагоре. Веднаш по вклучувањето,
мерниот уред пушта две ласерски линии од излезниот отвор
(2)
.
u
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема
оддалеченост.
За
исклучување
на мерниот уред, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување
(1)
надолу над излезниот отвор за
ласерот
(2)
. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
u
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го
по употребата.
Другите лица може да се заслепат од ласерскиот
зрак.
Автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога,
прицврстете го на стативот
(3)
. За да се работи со автоматика за
нивелирање, мора долната страна на мерниот уред да биде
хоризонтална и прифатот на стативот
(5)
да биде насочен надолу.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не трепкаат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи долната
страна на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата или
мерниот уред се држи слободно во рака, тогаш ласерските линии
постојано трепкаат брзо и мерниот уред работи без автоматика за
нивелирање. Ласерските линии остануваат вклучени, а двете вкрстени
линии не мора да се една кон друга во прав агол.
За повторно да работите со автоматиката за нивелирање,
позиционирајте го мерниот уред, така што долната страна ќе биде
хоризонтално центрирана и почекајте го самонивелирањето. Штом
мерниот уред ќе се најде и израмни во полето на самонивелирање од
±4° ласерските линии повторно светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот
уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање,
проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
Bosch Power Tools
1 609 92A 7SA | (09.09.2022)