196
| Македонски
линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со
поместување на мерниот уред.
Совети при работењето
u
За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската линија.
Ширината на ласерската линија се менува со
оддалечувањето.
Работа со ознаки на ласерските линии (види слики A–B)
На ласерските линии ќе се прикажат ознаки на исти растојанија, коишто
служат како помош за ориентирање. Растојанијата на ознаките се исти,
само ако мерниот уред е центриран вертикално на ѕидот. Аголот од 90°
можете да го контролирате со помош на ласерска целна табла
(9)
.
Поставете го мерниот уред на посакуваното место (со прифатот за
стативот
(5)
поставен надолу), вклучете го и оставете да се израмни.
Поставете ја ласерската целна табла
(9)
со задната страна кон ѕидот.
Центрирајте го мерниот уред, така што вертикалната ласерска линија
поминува низ горната и долната црвена ознака на ласерската целна
табла.
Растојанијата на ознаките се меѓусебно зависни од оддалеченоста на
мерниот уред од ѕидот. Одново проверете го аголот од 90°, ако ја
промените оддалеченоста.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува
по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот
(5)
на навојот на стативот
(3)
или обичен фото статив. Зацврстете го
мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна
опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат
за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од
ласерското зрачење.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна
опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот.
Ласерските
1 609 92A 7SA | (09.09.2022)
Bosch Power Tools