85
Нашите производи се креирани да ги
исполнат највисоките стандарди за
квалитет, функционалност и дизајн.
Се надеваме дека уживате користејќи
го Вашиот Braun Silk·épil 7 Dual Epilator,
првиот епилатор од Braun со интегрирано
сечило, дизајниран за употреба во вода
со гел или пена за бричење.
Ве молиме внимателно прочитајте ги
инструкциите пред употреба на произво-
дот и чувајте ги за во иднина.
Braun Silk·épil 7 Dual Epilator е дизајниран
да овозможи долготрајност на нежната
кожа во еден потег, благодарение на
неговата двојна технологија. Најпрво,
нежно ги епилира влакната од коренот, а
потоа интегрираното сечило ја измазнува
кожата.
Важно
•
Поради хигиенски причини, не го
делете овој апарат со други лица.
•
Овој апарат е обезбеден со посебен
кабел заедно со ниско волтажен
напојувач за струја. Не разменувајте
или манипулирајте со било кој дел од
него. Во спротивно, постои ризик од
електричен удар. За електричните
спецификации, Ве молиме видете го
натписот на специјалниот кабел.
Специјалниот кабел автоматски се
прилагодува на било кое напојување
во светот.
•
Овој апарат е погоден за
користење во бања или туш.
Од безбедносни причини, може
да се користи само без кабелот.
•
Деца над 8 години и лица со намалени
физички, сетилни или психички
способности или лица кои немаат
доволно искуство или знаење, може да
го користат апаратот само под надзор и
ако им се објасни како безбедно да го
користат и им е објаснета потенцијал-
ната опасност. Не е дозволено деца да
играат со апаратот. Деца над 8 години
може чистат или одружаваат апаратот
само кога се под надзор.
•
Додека е вклучен, апаратот не смее да
биде во контакт со косата на главата,
трепките , ленти за коса и сл. за да се
спречи било каква опасност од повреди
и блокирање или оштетување на
апаратот.
•
Никогаш не ја употребувајте главата на
епилаторот без капаче.
•
Бидете внимателни кога го употребу-
вате делот за измазнување (2) над
коскените области како зглобовите.
Интегрираното сечило е многу остро и
може да предизвика повреда.
•
Од безбедносни причини, престанете
со користење на капачето за измазну-
вање доколку се оштети. Заменете го
со ново.
Општи информации
Сите методи за отстранување на влакната
од корен може да доведат до иритации
на кожата (на пр. чешање, непријатност
и црвенило) во зависност од состојбата
на кожата и влакната. Ова е нормална
реакција и треба брзо да исчезне, но
може да биде посилна кога ги отстрану-
вате влакната првите неколку пати или
имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште
покажува иритација, советуваме да го
контактирате Вашиот лекар. Главно,
реакцијата на кожата и чувствителноста на
болка можат значително да се намалат со
повторување на употребата на Silk·épil.
Mакедонски
96667192_SE_7891-7771_CEE_S6-112.indd 85
96667192_SE_7891-7771_CEE_S6-112.indd 85
21.11.13 14:07
21.11.13 14:07
CSS APPROVED Effective Date 16Dec2013 GMT - Printed 22May2014 Page 85 of 112