86
Во некои случаи може да се појави
воспаление на кожата доколку во неа
навлезат бактерии ( пр. кога се лизга
апаратот врз кожата). Темелното чистење
на главата на епилаторот пред секоја
употреба може да го намали ризикот од
инфекција.
Доколку имате било какви сомнежи во
врска со употребата на овој апарат, Ве
молиме консултирајте се со Вашиот
лекар. Во следниве случаи, овој апарат
треба да се користи по претходна консул-
тација со лекар:
егзема, рани, воспаление на кожата
како фоликулитис (загноени фоликули
на влакната), проширени вени, околу
бенките, намален имунитет на кожата, на
пр. дијабетес, за време на бременоста,
хемофилија, кандида или намален
имунитет.
Неколку корисни совети:
Доколку претходно не сте користеле
епилатор или не сте се епилирале
подолго време, можеби ќе треба малку
време за Вашата кожа да се прилагоди на
епилацијата. Непријатноста на почетокот
ќе се намали со повторна употреба и
кожата ќе се прилагоди на процесот.
Кога се епилирате за прв пат, советуваме
тоа да го сторите навечер, во случај да се
појави црвенило да може да се изгуби во
текот на ноќта. За да ја опуштите кожата,
препорачуваме да нанесете влажен крем
после епилацијата.
Епилацијата е полесна и покомфорна кога
должината на влакната е од 2 до 5 мм.
Доколку влакната се подолги, препорачу-
ваме прво да ги избричите, па да ги
епилирате после неколку дена откако ќе
пораснат.
Доколку претходно сте употребувале
епилатор, запомнете дека нема потреба
да минете низ иста област повеќе пати,
благодарение на ефикасноста на двојната
технологија. Ова значително ќе го намали
времето за епилација. Внимателно
ракувајте со Dual Epilator преку Вашите
нозе и посебно внимавајте на коскените и
нерамни области за да избегнете повреда
предизвикана од сечилото.
Опис
1 Заштитно
капаче
2
Капаче за мазнење (за влажна
употреба)
2а Интегрирано сечило
2b Лубрилента
3
Глава на епилатор
4 Светло
5
Приклучок со копчиња за вклучување/
исклучување (5а)
6а Светло при полнење
6b Светло за празна батерија
7 Нелизгачки
дел
8 Специјален
кабел
9
Полнач (не со сите модели, види
страна 3)
10 Копче за ослободување на главата од
епилаторот
11 Капаче за епилација (влажна и сува
употреба)
12 Капаче за епилација за чувствител-
ните делови (влажна и сува употреба)
(не со сите модели, види страна 3)
Полнење
•
Пред употреба, наполнете го апаратот.
За најдобри резултати, препорачуваме
секогаш да го употребувате целосно
наполнет. Ставете го апаратот
96667192_SE_7891-7771_CEE_S6-112.indd 86
96667192_SE_7891-7771_CEE_S6-112.indd 86
21.11.13 14:07
21.11.13 14:07
CSS APPROVED Effective Date 16Dec2013 GMT - Printed 22May2014 Page 86 of 112