84
1. СОВЕТИ И ТРИКОВИ
•
Упатството за употреба се однесува на неколку
модели од овој уред. Соодветно на тоа, вие можете
да најдете описи на индивидуални карактеристики
кои не се однесуваат на вашиот уред.
•
Производителот нема да биде одговорен за
оштетувања кои настанале како резултат на
неправилна или несоодветна монтажа.
•
Минималното безбедно растојание меѓу плочата
за готвење и аспираторот е 650 мм (некои модели
можат да се инсталираат и на помала висина,
ве молиме, погледнете ги деловите за работни
димензии и монтажа).
•
Проверете дали волтажата на струјата одговара на
онаа која е наведена на плочката со спецификации,
прицврстена на внатрешната страна на аспираторот.
•
За уреди од Класа I, проверете дали домашното
напојување со електрична струја гарантира
соодветно заземјување.
•
Поврзете го аспираторот со одводно црево преку
цевка која има минимален дијаметар од 120 мм.
Трасата на цревото мора да биде што пократка.
•
Не поврзувајте го аспираторот со одводни канали
низ кои се спроведуваат запаливи гасови (бојлери,
огништа, итн.)
•
Доколку аспираторот се користи заедно со уред
кој не работи на електрична струја (на пример,
уред на гас), мора да се обезбеди доволен степен
на вентилација во просторијата за да се спречи
враќање назад на издувните гасови. Кујната мора да
има отвор кој е директно поврзан со надворешниот
воздух за да се обезбеди влез на чист воздух.
Кога аспираторот е користи заедно со апарати
кои не работат на електрична струја, негативниот
притисок во просторијата не смее да биде поголем
од 0,04 mbar, со цел да се спречи враќање на
издувните гасови назад во просторијата од страна
на аспираторот.
•
Во случај н оштетување на кабелот за струја, тој
мора да биде заменет од производителот или од
техничкиот сервис, за да се спречат какви било
ризици.
•
Поврзете го аспираторот со струја преку двополен
прекинувач кој има контактен јаз од најмалку 3 мм.
•
Ако упатството за монтирање на шпоретот на гас
укажува дека е потребно поголемо растојание од
наведеното погоре, тоа мора да се земе предвид.
Мора да се почитуваат сите прописи за вентилација
на воздухот.
2. УПОТРЕБА
•
Аспираторот е дизајниран исклучително за домашна
употреба за елиминирање на миризбите од кујната.
•
Не користете го аспираторот за други намени, освен
за оние за кои е дизајниран.
•
Никогаш не палете и не оставајте отворен оган под
аспираторот додека истиот работи.
•
Приспособете го интензитетот на пламенот за да го
насочите директно кон дното на тавата и проверете
дали истиот не подизлегува од страните на тавата.
•
Фритезите за пржење во длабока маснотија
треба постојано да бидат под надзор за време
на користењето: прегреаното масло може лесно
да се запали.
•
Не фламбирајте храна под аспираторот; постои
опасност од пожар
•
Овој уред не е наменет за употреба од страна на
лица (вклучително и деца) со намалени физички,
сензорни или ментални способност, или со
недоволно искуство и знаење, освен во случаи кога
се под надзор или кога добиваат упатства во врска
со користењето на уредот од лице кое е одговорно
за нивната безбедност.
•
Малите деца треба да бидат под надзор за да не
играат со уредот.
•
“ ВНИМАНИЕ: Достапните делови можат да се
вжештат кога се користат со уреди за готвење.”.
3. ОДРЖУВАЊЕ
•
Пред да го одржувате уредот, исклучете го или
извадете го кабелот за напојување.
•
Исчистете и/или заменете ги филтрите после
определениот временскиот период (Опасност од
пожар).
-
Филтер со активен јаглен
W
. Овие филтри не се
мијат и не можат да се обноват, затоа мораат да
се заменуваат приближно на секои 4 месеци или
почесто при зголемена употреба.
:
-
Филтри за маснотии
Z
. Филтрите можат да
се чистат на секои 2 месеца или почесто при
зголемена употреба и можат да се мијат во
машина за миење садови.
Z
-
Контролни светилки, доколку има
•
Аспираторот чистете го со влажна крпа и неутрален
течен детергент.
Summary of Contents for SKYLIFT X/WH F90
Page 36: ...36 1 650 I 120 0 04 3 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 37: ...37 L1 L2 L3 L4 Max 1 Mt L1 L2 L3 L4 4 L T1 2 T1 T1 2 T1 250 T1 5 1 5 LR03 AAA...
Page 48: ...48 1 650 I 120 0 04 3 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 49: ...49 L1 L2 L3 L4 Max 1 Mt L1 L2 L3 L4 4 L T1 2 2 T1 T1 2 T1 250 T1 5 LR03 AAA 1 5...
Page 50: ...50 2 2 2 24 10 10 24 30 2 24 24 10 24 2 1 B 2 3 6 1 EN60825 1 1994 A1 2002 A2 2001 439 7...
Page 72: ...72 1 650 mm I 120 mm 0 04 mBar 3 mm 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 78: ...78 1 650 mm I 120 mm 0 04 mbar 3 mm 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 79: ...79 L1 L2 L3 L4 Max 1 Mt L1 L2 L3 L4 4 L T1 2 Led T1 LED 1 2 LED 1 250 LED 1 5 1 5V LR03 AAA...
Page 81: ...81 1 650 1 120 0 04 3 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 82: ...82 L1 L2 L3 L4 Max 1 Mt L1 L2 L3 L4 4 L T1 2 T1 T1 2 T1 250 T1 5 LR03 AAA 1 5...
Page 83: ...83 2 2 24 10 10 24 30 0 5 24 2 24 10 24 2 1 B 2 3 6 EN60825 1 1M 1994 A1 2002 A2 2001 439 7 W...
Page 84: ...84 1 650 I 120 0 04 mbar 3 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 85: ...85 L1 L2 L3 L4 Max 1 Mt L1 L2 L3 L4 4 L T1 2 Led T1 LED T1 2 LED T1 250 LED T1 5 1 5 V LR03...
Page 90: ...90 1 650mm 1 120mm 0 04mbar 3 mm 2 3 W 4 Z 2 Z...
Page 93: ...93 65 I 120 04 0 4 2 W 65 I 120 04 0 4 2 1 2 3 Z...
Page 95: ...95 2 On Off 2 1 delay 24h 10 10 0 5 delay 24h 30 2 2 24H delay 24 10 24...
Page 97: ......
Page 98: ......
Page 99: ......
Page 100: ...991 0339 596_02 141117...