102
MK
• Поместете ја косата пила нанапред и
наназад за да се разлее маслото преку
шините.
Овие машини се конструирани да функционираат
долго време, со минимално одржување. Со
редовно чистење и исправно користење, можете
да придонесете за долг век на машината.
Чистење
Редовно чистете го куќиштето на машината
со мекана крпа, по можност после секое
користење. Отворите за вентилација да
бидат ослободени од прашина и нечистотија.
Отстранете ја тврдокорната нечистотија со
мекана крпа, натопена во сапуница. Никогаш
не користете растворувачи како бензин,
алкохол, амонијчна вода итн.
Овие растворувачи можат да ги оштетат
пластичните делови.
Решавање на проблеми
1. Моторот неќе да се стартува
• Приклучокот не е во приклучницата.
• Кабелот е прекинат.
• Прекинувачот е неисправен. Однесете ја
машината на поправка кај испорачателот.
2. Исечокот не е рамномерен (рапав)
• Листот мора да се наостри.
• Листот е поставен од назад кон напред.
• Листот е налепен со смола или струшка.
• Листот не е наменет за обаботуваното парче.
3. Рачката за подигање и/или за косо
сечење има пречки
• Отпадоците и/или прашината мора да се
отстранат.
4. Моторот има потешкотии да оствари
полна брзина
• Продолжниот кабел е многу тенок и/или долг.
• Напонот во мрежата е помал од 230 V.
5. Машината претерано вибрира
• Листот е оштетен.
6. Машината станува претерано топла
• Отворите за вентилација се блокирани.
Исчистете ги со сува крпа.
7. Електромоторот работи нерамномерно
• Јаглените четкички се истрошени. Заменете
ги јаглените четкички или консултирајте се
продавачот.
Подмачкување
Машината не треба дополнително да се
подмачкува.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на
дел, обратете се на адресата на сервисот од
гарантната картичка.
На позадината на упатствово ќе најдете
експозиционен преглед со прикажани делови
кои можат да се нарачаат.
ОКОЛИНА
Да се спречи оштетување при транспорт,
машината се испорачува во цврсто пакување.
Колку што е можно пакувањето е направено
од рециклирани материјали, затоа превземете
чекор за рециклирање на пакувањето. Кога ќе
ја менувате машината, старата однесете ја кај
локалниот продавач. Таму ќе биде еколошки
депонирана.
Оштетени и/или искористени
електрични и електронски уреди
мора да се депонираат во станици за
рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
ГАРАНЦИЈА
Прочитајте ги гарантните услови во
приложената гарантна картичка.
Производот и упатството се предмет на
промена. Карактеристиките можат да се
променат без натамошно известување.
Summary of Contents for MSM1039
Page 2: ...2 Fig 1 Fig 2 11 10 3 13 16 6 12 21 3 1 14 5 10 23 22 4 1 9 2 8 7 ...
Page 3: ...3 Fig 3 Fig 6 Fig 4 Fig 5 14 20 17 18 19 9 ...
Page 103: ...103 ...
Page 105: ...105 Exploded view ...
Page 106: ...106 ...
Page 108: ...WWW FERM COM 2020 FERM 2005 11 ...