77
MK
3 Гумена ногарка
3 Завртки со навртки и подлошки за
поставување на гумена ногарка
1 Попречна водилка
1 Упатства за ракување
1 Упатствата за безбедност
1 Гарантна картичка
Проверете ја машината, отстегнатите делови и
приборот, да нема оштетувања при транспорт.
карактеристики
Сл. A
1. On/off прекинувач
2. Навртка за забравување
3. Попречна водилка
4. Држач на лист за пила
5. Заштитен капак
6. Клуч
7. Цевка за дување на прашина
8. Гумена ногарка
2. бЕзбЕДНоСНи УпаТСТва
објаснување на симболите
Означува ризик од повреда, губење
на живот или оштетување на
алатот во случај на непочитување
на упатствата.
Означува ризик од струен удар.
Носете заштита за уши и очи.
посебни безбедносни упатства
• Носете заштитни очила и маска за прашина.
• Оваа пила е само за внатрешна употреба.
• Уверете се дека запците на листот се
свртени надолу, пред да ја користите
машината.
• Ако на листот недостасуваат или има
оштетени запци, веднаш да го смените
листот.
• Користете ја машината врз стабилна и
рамна површина.
• Никогаш не го притискајте листот
странично, за да не го скршите.
• Проверете ги дрвените работни парчиња од
можни шајки и сл. и отстранете ги.
• Не ги допирајте исечените површини со
рака.
• Не ја оставајте пилата без надзор додека
работи.
• Не отстранувајте отпадоци од дрво со раце
во близина на листот, додека машината
работи. Исклучете ја машината пред
отстранување на отпадоците.
веднаш исклучете ја машината при:
• Прекин на главна приклучница, главен
кабел или оштетен кабел.
• Расипан прекинувачот.
• Чад или смрдеа на изгорена изолација.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги
следните безбедносни упатства и приложените
безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали напонот
на напојувањето одговара на
наведениот напон на плочката.
Мрежно приклучување
Користете само заземјени приклучоци со
заземјена жица во согласност со прописите.
замена на напоен кабел
Напојниот кабел може да се замени само со
посебен кабел во специјализирана
работилница.
замена на кабли или приклучници
Стариот кабел и приклучоците фрлете ги
веднаш после замената со нови. Опасно е да ја
вклучите приклучницата ако кабелот е лабав.
користете продолжни кабли
Користете само одобрен продолжен кабел, што
одговара на моќноста на машината. Жиците
треба да имаат најмал попречен пресеок од 1,5
mm
2
. Ако кабелот е во ролна, мора да биде
целосно одвиткан.
3. поСТавУваЊЕ На пРибоР
Секогаш да ја исклучувате
машината од струја пред било какво
одржување.
Summary of Contents for SSM1005
Page 2: ...2 Fig B Fig A ...
Page 3: ...3 Fig C Fig D Fig E ...
Page 4: ...4 Fig F Fig G Fig H ...
Page 81: ...81 80 81 Artikel SSM 1005 Model FFZ 400R Exploded view ...
Page 82: ...82 ...
Page 84: ...www ferm com 2016 FERm B V 1605 26 www ferm com 2017 FERm B V 1705 30 ...