87
MK
Емисиите на бучава при реална употреба на
електричната алатка може да се разликуваат
од декларираните вредности во зависност од
начините на употреба на алатката, а особено
во зависност од работното парче што се
обработува.
Треба да се идентификуваат безбедносните
мерки за заштита на операторот кои се
базираат на проценка на изложеноста при
реални услови на употреба.
Опис
Броевите во текстот се однесуваат на
дијаграмите на стр. 2-4.
1. Прекинувач за вклучување/исклучување
2. Граничник за длабочина
3. Штитник на футерот
4. Мотор
5. Длабочинска рачка на дупчалката
6. Подесување на масата
7. Клуч на футерот
8. Шраф за фиксирање
9. Футер
10. Држач на масата
11. Столб
12. Навртки
13. Плочана педалата
14. Горен капак на V-каишот
15. Долен капак на V-каишот
16. Брава на капакот
17. Моторна плоча
18. Брава за затегнатоста на каишот
19. Маса
20. Шестоаголна завртка
21. Вретено
Проверете да не е оштетена испораката при
превоз и/или дали се на број сите делови.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Објаснување на симболите
Следните симболи се користат во ова упатство:
Означуваризикодповреда,губењена
животилиоштетувањенаалатот
вослучајнанепочитувањена
упатствата.
Укажуванаприсуствонаелектричен
напон.
Веднашизвлечетегокабелотод
струјавослучајдасеоштилилиза
временаодржување.
Присутнителицадастојат
подалеку.
Носетезаштитазаочитеиза
слухот.
За време на користење мора да ги
разгледате следниве точки:
• Не ги отстранувајте механичките или
електричните заштити.
• Проверете дали се на место сите заштитни
уреди и дали се правилно поставени.
• Носете заштитни очила за време на дупчење.
• Ако имате долга коса, носете заштита за
косата )ластик или капа(. Долгата коса може
да биде фатена во подвижните делови.
• Носете неразвеана облека; закопчајте ги
копчињата на ракавите.
• Не држете делови со рака кога дупчите.
Секогаш користете машинска стега или друг
вид на стезен алат.
• Осигурајте ги деловите и стезните алати на
масата од искосување. Прицврстете ги со
завртки или стегнете ги со машинска стега
која е прицврстени врз масата.
• Проверете дали е правилно стегнат футерот
за дупчење.
• Проверете дали е во ред кабелот.
• За отстранување на струшка користите четки,
гумени бришачи, куки или слични помагала.
• Не ја чистете или подмачкувајте машината
додека работи.