MKD
158
Не отстранувајте ги безбедносните уреди (решетки, заштитници,
заземјувања итн.).
Чувајте го ладилникот во стабилна положба за време на чистењето,
не качувајте и не потпирајте се на ладилникот.
Не чистете со остри предмети, запаливи или корозивни течности или
спрејови.
Доколку едно или повеќе шишиња се скршат во уредот и дојде до
истекување на течност во внатрешноста или дојде до наводенување
на просторот околу уредот, исклучете го ладилникот пред да
започнете со чистење на течноста околу ладилникот или во него.
Преземете ги сите потребни чекори за да се заштитите од срчи
(користете заштитни ракавици при чистењето).
9. Справување со проблеми
ЦЕЛОКУПНОТО ПРИСТАПУВАЊЕ КОН СИСТЕМОТ ЗА ЛАДЕЊЕ И
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ДЕЛОВИ (ПРОМЕНА НА СИЈАЛИЧКА ИЛИ ОДДЕЛОТ
ЗА ЛАДЕЊЕ) СМЕЕ ДА ГО ПРАВИ САМО ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ.
MAX-450 [R290], MAX-700 [R290], MAX-900 HD [R290] C,
MAX-1000 HD/SD [R290] се опремени со HC разладно
средство. Сите сервисирања на механизмот за ладење и
полнењето со гас треба да се вршат во добро проветрена
просторија или на отворено. Не пушете за време на
одржувањето.