MKD
161
помогнете да се спречат потенцијалните негативни последици врз животната средина и
здравјето на луѓето, кои инаку би можеле да ги настанат со несоодветно отстранување на овој
производ.
12. Информации за рециклирање
1.
Врз основа на целите на политиката за животна средина во согласност со директивите на
Европската заедница (ЕЗ) за отпадна електрична и електронска опрема (ОЕЕО)
3
кои
имаат за цел да го зачуваат, заштитат и подобрат квалитетот на животната средина, да
го заштитат здравјето на луѓето и претпазливо и рационално да ги користат природните
ресурси. Како краен корисник, ве замолуваме да го направите следново:
•
Ако апаратот престане да работи, дури и по решавање на проблемите, прво проверете
дали може да се поправи, пред да го отстраните/исфрлите. Ако не сте сигурни,
контактирајте со дистрибутерот или доставувачот за дополнителни информации за
можни поправки на апаратот.
•
Ако апаратот го достигне својот „Крај на работен век“ (End of Life Lifecycle (EOL)), со други
зборови, апаратот не може да се поправи или повторно да се користи, не фрлајте го
апаратот како несортиран комунален отпад. Наместо тоа, повикајте ја релевантната
компанија за рециклирање или локалната канцеларија за продажба на Frigoglass за да го
соберат апаратот за третирање и рециклирање.
Забелешка:
Отстранувањето на електронските и електричните апарати во депониите или преку
согорување создава голем број еколошки проблеми. Кога застарените материјали не се
рециклираат, суровините мора да бидат обработени за производство на нови производи. Ова
претставува значително губење на ресурсите, бидејќи енергијата, транспортот и штетата врз
животната средина предизвикана од овие процеси е значителна.
Друг проблем е што овие типови на уреди може да содржат гасови како што се
хидрофлуорокарбонати (HFC) што се користат како средство за разладување.
Хидрофлуорокарбонатите (HFC) се стакленички гасови кои, кога се испуштаат во атмосферата,
придонесуваат за климатските промени.
Флуоресцентното осветлување од уредот може да содржи потенцијално штетни супстванции,
како што се токсични тешки метали, а особено жива, кадмиум и олово. Ако влезат во телото,
овие супстанции може да предизвикаат оштетување на црниот дроб, бубрезите и мозокот.
Живата е и невротоксин и има способност да се пренесува во ланецот на исхрана.
•
За да помогнете во процесот на обновување и рециклирање на овој апарат, не
расклопувајте или не кршете делови од апаратот пред собирањето. Со отстранување на
делови од апаратот, можете да ја намалите стапката на рециклирање.
2.
Симболот прикажан на Слика 1 подолу, кој исто така го има на етикетата на производот
во внатрешноста на апаратот, укажува на потребата за посебно собирање на електрична
и електронска опрема врз основа на Директивата ОЕЕО на Европската Заедница (ЕЗ).
3
Референции
Директива
на
Европската
заедница
(
ЕЗ
)
за
отпадна
електрична
и
електронска
опрема
(
ОЕЕО
)
бр
. 2002/96/
ЕЗ