MKD
163
САМО ЗА ОВЛАСТЕН ПЕРСОНАЛ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
ДОДАТОК А
УПАТСТВА ЗА РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Разладната витрина секогаш треба да се транспортира:
•
во исправена позиција (освен ако не е поинаку одобрено од
добавувачот)
•
со затворени врати и стопирачи за моделите со лизгачки врати
•
во соодветни возила (на пр. со воздушни амортизери и задна
дигалка) и користејќи соодветни патишта
•
прицврстена на палета, со цел заштита на разладниот механизам
•
спакувана и соодветно поставена, со цел заштита на разладниот
механизам
Температурата на ладилникот за време на складирање или транспорт
не треба да биде под -20oC или над +60
o
C
ДОДАТОК Б
УПАТСТВА ЗА ПРЕВЕНТИВНО ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕД КАКВО БИЛО ЧИСТЕЊЕ (НА ВНАТРЕШНИОТ ИЛИ
НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ НА УРЕДОТ) ИЛИ ОДРЖУВАЊЕ, ИЗВАДЕТЕ ГО
КАБЕЛОТ ЗА НАПОЈУВАЊЕ НА РАЗЛАДНАТА ВИТРИНА (ICM)!
ИЗВАДЕТЕ ГО ПРИКЛУЧОКОТ И ОСИГУРЕТЕ СЕ ДЕКА ОПЕРАТОРОТ
МОЖЕ ДА ПРОВЕРИ ДЕКА КАБЕЛОТ Е ИСКЛУЧЕН ОД КОЈА БИЛО ОД
ТОЧКИТЕ ДО КОИ ИМА ПРИСТАП.
Клиентот е должен да ги извршува следниве операции за време на превентивното одржување
на разладната витрина (ICM) еднаш или двапати годишно, користејќи правосмукалка:
•
Чистење на кондензаторот
•
Чистење на филтрите за прав (ако е применливо).
Ако разладната витрина (ICM) е поставена во средина каде што се акумулира прашина во
кондензаторот, тогаш кондензаторот треба да се чисти почесто.
Дополнително, се препорачува да се извршат следните постапки за време на превентивното
одржување:
1. Механички систем:
•
Проверете дали опремата е правилно поставена и израмнета.
•
Проверете дали предната и задната решетка се фиксирани на нивното на место.
•
Проверете го системот за самозатворање на вратата.
•
Проверете дали држачот и решетката на вентилаторот се фиксирани на нивното на место.
•
Проверете го системот за исцедување и отпушете го ако е потребно.