27
Македонски
ВАЖНИ СИГУРНОСНИ УПАТСТВА
Кога користите електрични уреди, придржувајте се до основните мерки за безбедност:
1. Прочитајте ги сите упатства пред да почнете да го користите уредот.
2. За да го смалите ризикот од струен удар, не го потопувајте уредот ниту кабелот/
утикачот во вода или било каква друга течност. Почитувајте ги упатствата за чистење.
3. Внимавајте на децата за да не се играат со уредот.
4. Не го оставајте уредот без надзор додека е вклуен во струја.
5. Исклучете го уредот од струја кога не го користите и пред чистење.
6. Доколку струјниот кабел е оштетен, мора да го смени овластен сервисер или друго
лице со еднаква квалификација, за да се избегне несреќа.
7. Не е препорачливо користење на продолжен кабел.
8. Внимавајте да не го замрсите или превиткате кабелот.
9. Не го влечете и не го тегнете струјниот кабел. Не го користете за поместување или
носење на уредот. Кога го исклучувате уредот од струја, повлечете го утикачот, не
кабелот.
10. Користење на додатоци кои не се испорачани со уредот може да предизвика пожар,
струен удар или повреди.
11. Не дозволувајте кабелот да виси преку работ од масата или од некој елемент или да
допира топли површини, вклучувајќи го и шпоретот. Внимавајте кабелот да не виси
и никој/ништо да не може да се сопне на него.
12. Не го ставајте уредот на или во близина на гас или електричен шпорет, во топла
релна или близу лесно запалливи материјали.
13. Не го користете уредот надвор или ако стоите на влажна подлога.
14. Не го допирајте утикачот или уредот со водени раце!
15. Уредот користете го исклучиво за тоа за што е наменет.
16. Уредот не е наменет за употреба за лица (вклучувајќи ги и децата) со намалени
физички, моторни или ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење, освен ако се под надзор или според инструкциите за употреба од страна на
лице одговорно за нивната безбедност.
17. Пред вклучување на уредот проверете дали напонот наведен на плочката на уредот
одговара на напонот на вашата електрична мрежа.
18. Не го користете уредот ако паднал, ако има видливи оштетувања или ако нешто
тече од него.
19. Чувајте го уредот на суво место, заштитен од прашина и без излагање на директна
сончева светлина.
20. Секоја злоупотреба или неуспех во следењето на упатството за користење ја прави
гаранцијата неважечка и производителот/дистрибутерот/продавачот го ослободува
од секоја одговорност.
21. Не го користете уред во купатило, блиску до вода или надвор.
22. Исчистете ги сите делови кои доагаат во контакт со храна, како што е наведено во
делот за чистење пред употреба.
23. Избегнувајте контакт со деловите кои се движат (мешалки). Држете ги рацете, косата
и облеката, но и шпаклата и другиот кујнски прибор, подалеку од мешалките додека
работат, за да го намалите ризикот од повреда или оштетување на миксерот.
Summary of Contents for HM-3001W
Page 1: ...INSTRUCTION MANUAL Hand Mixer HM 3001W ...
Page 45: ......
Page 46: ...www home electronics info ...