88
89
1
8
11
10
9
5
7
6
4
3
2
Изглед
Упатство за брз почеток
Поврзување со звучник
Повеќе информации
Овозможете Bluetooth и на телефонот и на звучникот (со притискање на
копчето за Bluetooth на звучникот). Потоа, поврзете го телефонот со звучникот
преку Bluetooth.
Откако звучникот ќе се вклучи, тој ќе се исклучи ако не се користи 15 минути
или ако не пренесува звук преку Bluetooth 15 минути.
1. Скeнирајте го QR-кодот или пребарајте и преземете ја
апликацијата HUAWEI AI Life од AppGallery.
2. Кога телефонот е поврзан на безжична мрежа, отворете ја
апликацијата, допрете + во горниот десен агол и изберете
Додајте уред
.
3. На почетниот екран од апликацијата, допрете ја картичката за звучникот за
да пристапите до екранот за управување, од каде што може да го ажурирате
звучникот и да прегледате повеќе информации.
1. Копче за вклучување/
исклучување
2. Копче за глас
3. Копче за репродуцирање/
паузирање
4. Копче за Bluetooth
5. Копче за Стерео
6. Показател за батерија
7. Порта за полнење
8. Јачина на звукот +
9. Јачина на звукот -
10. Показател за ѕвонење
11. Huawei Share
Информации за безбедност
Внимателно прочитајте ги сите информации за безбедност пред да го
користите уредот за да бидете сигурни дека работи безбедно и правилно и да
научите како правилно да го фрлите уредот.
Работа и безбедност
• Користењето неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување,
полнач или батерија може да го оштети уредот, да го намали работниот век
или да предизвика пожар, експлозија или друга опасност.
• Идеални работни температури се од 0 °C до 40 °C. Идеални температури за
чување се од -20 °C до +70 °C.
• Почитувајте ги правилата и прописите што ги поставуваат болниците и
другите објекти за здравствена заштита. Не користете го уредот таму каде
што е забрането.
• Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за
слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на услугата за
повеќе информации.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите
дали користењето на уредот може да влијае врз работата на вашиот
медицински уред.
• Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од
најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи потенцијална
интерференција со пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, држете го уредот
од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот
џеб.
• Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат или шмукаат
уредот или додатоците. Тоа може да предизвика штета или експлозија.
• Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се однесуваат на
безбедноста на децата. Децата не смеат да си играат со уредот или
додатоците бидејќи тоа може да биде опасно. Уредот содржи ситни делови
што може да се одвојат и да предизвикаат задушување. Чувајте го подалеку
од дофат на деца.
• Не дозволувајте игли или други остри метални предмети да дојдат во
контакт со звучникот или микрофонот за да избегнете оштетување на
уредот или ваша повреда.
• Не обидувајте се да го расклопите или повторно да го составите уредот, да