погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина
го зголемува ризикот од експлозија или пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните
прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од
домаќинствата. Неправилното користење на батериите може
да предизвика пожар, експлозија или други опасности.
•
Овој уред содржи вградена батерија. Не обидувајте се да ја
замените батеријата сами. Во спротивно, уредот може да не
работи правилно или може да се оштети батеријата. За ваша
безбедност и за да се обезбеди правилна работа на уредот, се
препорачува да контактирате со овластен сервисен центар на
Huawei за да ја изврши замената.
•
Уредот е тестиран во контролирана околина и е
сертифициран дека е отпорен на вода и прашина во
одредени ситуации (ги исполнува барањата пропишани во
класификацијата IP68 кои што се опишани во меѓународниот
стандард IEC 60529). Отпорноста на вода и прашина не е
трајна состојба и таа може да се намали како резултат на
нормалното абење од користењето. Не полнете го уредот во
влажни услови. Посетете ја веб-локацијата http://
consumer.huawei.com/en/support за детален опис на оваа
функција.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот со прецртана канта за ѓубре со тркала на производот,
батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите
електронски производи и батерии мора да се однесат во
посебни места за собирање отпад по крајот на нивните работни
векови. Тие не смеат да се фрлаат во нормалниот отпад со
ѓубрето од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли
опремата на соодветно место или кај служба за собирање за
посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска
опрема (WEEE) и батерии според локалните закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се
обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема
се рециклира на начин што ги заштитува вредните материјали и
го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното
ракување, случајното кршење, оштетување и/или неправилното
рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно
за здравјето и околината. За повеќе информации за тоа каде и
како да го фрлате отпадот од електричната и електронската
опрема, контактирајте со локалните власти, продавачот или
службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете
ја веб-локацијата http://consumer.huawei.com/en/.
Намалување на штетни супстанции
Уредот и сите електронски додатоци се во согласност со
применливите локални правила за ограничување на употребата
178