3
MK
24) Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растоја
-
ние од ротирачките сечива, која се определува со должината на
ракофатот.
25) ВНИМАНИЕ - Во случај на дефект или инциденти во текот на
работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други оштетувања. Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете
веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за да
-
дената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена
заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите оста
-
тоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди
на лица или животни ако останат незабележано во машината.
26) ВНИМАНИЕ - Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба на машината. Упо
-
требата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето
со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително
влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е
да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштету
-
вања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно
одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете
паузи во работата.
Г) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно зацврстени за
да бидете сигурни дека машината е безбедна за работа. Редовното
одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на
нивото на ефикасност.
2) Никогаш не чувајте ја машината со полн резервоар во просторија
каде испарувањата од бензинот може да допрат до отворен пламен,
искра или до извор на топлина.
3) Оставете моторот да се излади пред да се остави тревокосач
-
ката во која било просторија.
4) За намалување на ризикот од запалување, чувајте ги моторот,
придушувачот, акумулаторот и самото место на чување на бензинот
исчистени од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Не
оставајте ги корпите со покосена трева во затворен простор.
5) Честопати проверувајте ги заштитите за испустот и вреќата за
собирање трева за да обезбедите дека може да се користат или
се оштетени.
6) Ако резервоарот треба да се испразни, истото треба да се прави
на отворено и кога моторот е изладен.
7) Носете заштитни ракавици при вадење или повторно ставање
на сечивото.
8) Проверете ја изедначеноста на сечивото по острење. Сите опе
-
рации што се поврзани со сечивото (вадење, острење, изедна
-
чување, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и
изискуваат специфична компетентност покрај соодветни алати.
Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува
специјализиран сервисен центар.
9) Заради безбедност, не употребувајте ја машината никогаш ако
некои делови се во лоша состојба или се оштетени. Деловите треба
да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете оригинални
резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може да ја
оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност.
Д) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт
или закосување на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат,
имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба на истата;
– да ангажирате соодветен број луѓе во согласност со тежината
на машината и карактеристиките на средството за транспорт
или за местото на кое треба да се донесе или земе истата;
– проверете дали има капки од бензин кога работи машината или
знаци на оштетувања или дефекти.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со
помош на јажиња или синџири.
max 20°
max 20°
max 20°
max 20°
max 20°
B2
A3
A1
C6-8
B6
B3
C21
C18
Summary of Contents for INV T17051 TH
Page 4: ......
Page 16: ......
Page 28: ...12 MM ...
Page 40: ......
Page 52: ......
Page 64: ......
Page 76: ......
Page 90: ...171505607 10 10 2018 ...