4
МАКЕ
ДОНСКИ
•
Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при
гледање на телевизорот подолго време, бидејќи отворите
за вентилација можат да станат жешки. Ова не влијае врз
функционирањето или перформансите на производот.
•
Повремено проверувајте го кабелот на уредот и доколку
забележите оштетување или неисправност, исклучете го
и прекинете со употребата на уредот додека не се замени
неисправниот дел од кабелот од страна на овластен сервисер.
•
Спречете собирање на прашина на приклучоците на
електричниот кабел или штекерот. Тоа би можело да
предизвика опасност од пожар.
•
Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко
оштетување, како извиткување, всукување, приклештување,
притиснување со врата, или нагазување. Особено внимавајте
на приклучоците, штекерите и местото каде кабелот излегува
од уредот.
•
Не притискајте силно на панелот со рака или остар предмет,
како нокт, молив или пенкало, и не гребете го, бидејќи ова
може да предизвика оштетување на екранот.
•
Избегнувајте допирање на екранот или задржување на
прстите на него подолго време. Ова може да се предизвика
некои привремени или трајни изобличувања/оштетувања на
екранот.
•
Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична
струја, тој е поврзан на извор на напојување иако можеби вие
сте го исклучиле со ПРЕКИНУВАЧ.
•
При исклучување на кабелот, држете го за приклучокот и
повлечете. Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати,
може да дојде до пожар.
•
При преместување на производот, внимавајте прво да го
исклучите напојувањето. Потоа, исклучете ги каблите за
напојување, антенските кабли и сите кабли за поврзување.
Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат а
тоа да предизвика пожар или електричен удар.
•
При преместување или распакување на производот, заради
неговата тежина работете по двајца. Во спротивно, може да
дојде до повреда.
•
Сите сервисирања пренасочете ги на овластени сервисни
лица. Сервисирање е потребно кога уредот е оштетен на каков
било начин, како во случај на неисправност на кабелот за
напојување или приклучокот на кабелот, прскање на течност
или кога објекти паднале во уредот, изложување на уредот
на дожд или влага, кога тој не функционира нормално, или
доколку се испушти.
•
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на
телевизорот (на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може
да предизвика неисправност на производот.
•
При чистење на производот и неговите компоненти, прво
откачете го кабелот за напојување и потоа избришете го
производот со мека крпа. Примена на прекумерен притисок
може да предизвика гребење или губење на бојата. Не
прскајте вода на производот и не бришете го со влажна
крпа. Никогаш не користете средства за чистење стакло,
индустриски или средства за давање сјај за автомобили,
абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го
оштетат производот и неговиот панел. Во спротивно може
да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на
производот (деформација, корозија или кршење).
Подготовка
•
Ако телевизорот се вклучува за првпат откако е испорачан од
фабрика, иницијализирањето на телевизорот може да трае
неколку минути.
•
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот
телевизор.
•
OSD на вашиот телевизор (On Screen Display - приказ на
екранот) може малку да се разликува од приказот што е даден
во ова упатство.
•
Достапните менија и опции може да се разликуваат во
зависност од влезниот извор или моделот на производот кој
го користите.
•
Во иднина, на овој телевизор може да му бидат додадени
нови функции.
•
Елементите кои се испорачуваат со вашиот производ може да
се разликуваат во зависност од моделот.
•
Спецификациите на производите или содржината на
ова упатство може да бидат променети без претходно
известување заради надградување на функциите на
производите.
•
За оптимално поврзување, HDMI каблите и USB уредите треба
да имаат лежиште со дебелина помала од 10 mm и широчина
помала од 18 mm. Доколку USB кабелот или USB меморискиот
уред не може да се вметне во USB влезот на телевизорот,
употребете продолжителен кабел кој поддржува USB 2.0.
A
B
A
B
*A
<
=
10 mm
*B
<
=
18 mm
•
Користете сертифициран кабел со логото HDMI.
•
Ако не користите сертифициран кабел со логото HDMI, екранот
може ништо да не прикажува или може да се појави грешка во
поврзувањето. (Препорачани типови на HDMI кабли)
-
HDMI
®
/
TM
кабел со голема брзина (3м или помалку)
-
HDMI
®
/
TM
кабел со голема брзина со Ethernet (3м или
помалку)
•
Како да го користите феритното јадро (Во зависност од
моделот)
-
Користете го феритното јадро за намалување на
електромагнетните пречки во кабелот за напојување.
Намотајте го еднаш кабелот за напојување на феритното
јадро.
[Страна на ѕидот]
[Страна на телевизорот]
10 cm (+ / -2 cm)
Summary of Contents for 43UJ63 series
Page 16: ......
Page 32: ......
Page 48: ......
Page 64: ......
Page 80: ......
Page 96: ......
Page 112: ......
Page 128: ......
Page 144: ......
Page 160: ......
Page 176: ......
Page 192: ......
Page 208: ......
Page 224: ......
Page 240: ......
Page 256: ......
Page 272: ......
Page 288: ......
Page 289: ......
Page 290: ......
Page 291: ......