04
БАРАЊА ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕ
Заради ваша безбедност, информациите во ова упатство мора да се
почитуваат за да се сведе на минимум ризикот од пожар, експлозија
или струен удар или за да се спречи оштетување на имотот, повреда
на лица или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•
Овој апарат мора да биде заземјен. Во случај на неправилно функционирање
или дефект, заземјувањето ќе го намали ризикот од струен удар со тоа што
обезбедува патека на најмал отпор за електричната струја.
•
Овој апарат мора да биде опремен со кабел кој што има спроводник за
заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен
во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен, во согласност со
домашната законска регулатива и уредби.
•
Неправилното поврзување на спроводникот за заземјување може да доведе
до ризик од струен удар. Направете проверка со квалификуван електричар или
сервисер ако не сте сигурни дали апаратот е правилно заземјен.
•
Не модифицирајте го приклучокот испорачан заедно со апаратот. Ако не влегува
во штекерот, повикајте квалификуван електричар да монтира соодветен штекер.
ФРЛАЊЕ НА ВАШИОТ СТАР АПАРАТ
1. Сите електрични и електронски производи треба да се фрлат засебно
од комуналниот отпад, односно во собирни капацитети назначени од
страна на владата или локалните власти.
2. Правилното фрлање на вашиот стар апарат ќе помогне да се спречат
потенцијални негативни последици за околината и човековото
здравје.
3. За подетални информации за фрлањето на вашиот стар апарат,
стапете во контакт со градското собрание во вашиот град, службата
за комунален отпад или со продавницата од каде што сте го купиле
производот.