201
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
►
Сл.1
1
Контролна плочка
2
Капак на батеријата
3
Дршка на горниот капак
4
Горен капак
5
Рачка
6
Рачка за носење
7
Отворач
8
Капак на филтерот
9
Тркало
10
“DC IN” штекер
11
Копче за зголемување на
температурата
12
Копче за вклучување и
исклучување
13
Копче за програмирање за
ладење / загревање
14
Екранче за температура
15
Индикатор на батеријата
16
Копче за намалување на
температурата
-
-
-
-
РАБОТЕЊЕ
1. Поврзување на доток на струја
А) Батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш извлечете го
приклучокот пред инсталирањето или
отстранувањето на касетата на батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги цврсто алатот и
касетата на батеријата, кога ќе ја инсталирате или
отстранувате касетата на батеријата.
Неисполнувањето
на условот за цврсто држење на алатот и касетата на
батеријата, може да предизвика нивно лизгање од вашите
раце и да резултира со оштетување на алатот и касетата
на батеријата и лична повреда.
За да ја ставите касетата со батерии, отворете
го капакот за батерии.
Порамнете го јазичето на касетата на батеријата
со жлебот на куќиштето и поставете ја на своето
место. Вметнете ја целосно, сė додека не легне
на своето место и не се чуе мало кликнување.
Потоа затворете го капакот на батеријата.
За да ја отстраните касетата на батеријата,
лизнете ја од апаратот додека го лизгате
копчето на предната страна од касетата.
►
Сл.2
►
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за батерии
ВНИМАНИЕ:
Секогаш инсталирајте ја
во целост касетата на батеријата, сė додека
црвениот индикатор не може да биде виден.
Ако не постапите така, таа може случајно да
испадне од алатот, предизвикувајќи повреда кај
вас или на некој кој што е околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте со сила да ја инсталирате
касетата на батеријата.
Ако касетата на батеријата не
лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.
ЗАБЕЛЕШКА:
Можат да се инсталираат до две
касети на батеријата, иако апаратот користи една
касета на батеријата за работење.
В) AC полнач (Користете само за
возило за рекреација)
Кога користите апарат што користи наизменична
струја, употребете го AC адаптерот којшто бил
испорачан со апаратот. Ставете го приклучокот во
“DC IN” влезниот отвор на уредот и потоа внесете го
другиот крај на излезниот отвор.
C) Полнач за во автомобил
Кога ќе го користите уредот со полнач за во
автомобил, користете го оној што е приложен со
уредот. Ставете го приклучокот во “DC IN” влезниот
отвор на уредот, а потоа внесете го другиот крај во
отворот на полначот за во автомобил.
ВНИМАНИЕ:
Целосно ставете го приклучокот
во влезот “DC IN”.
Во спротивно приклучокот може
да се деформира или да дојде до пожар.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш цврсто затворете го
капакот на штекерот „DC IN“, кога кабелот за
напојување на е вклучен.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога апаратот ќе го промени
напојувањето, компресорот ќе стопира околу 3
минути за да го заштити компресорот.
ЗАБЕЛЕШКА:
По исклучувањето на апаратот,
потребни се околу 3 минути за да го рестартирате
компресорот заради заштита на компресорот.
2. Вклучување на уредот
Притиснете го копчето за вклучување за да го
вклучите уредот. Повторно притиснете го копчето за
вклучување за да го исклучите уредот.
3. Промена на функциите ладење /
греење
Притиснете го копчето ладење / греење за да се
активира соодветената функција.
Дисплејот за температура светка на контролната
температура.
•
Кога уредот работи на функцијата ладење,
контролната температура е -18°C, -10°C, 0°C,
5°C или 10°C (0°F, 15°F, 30°F, 40°F или 50°F).
•
Кога уредот работи на функцијата загревање,
контролната температура е 55°C или 60°C
(130°F или 140°F).
4. Избирање на контролна температура
Притиснете го копчето за зголемување или
намалување на температурата за да ја изберте
контролната температура.
Уредот почнува да лади / загрева 5 секунди подоцна,
потоа контролната температура престанува да
светка и дисплејот на температурата ја покажува
моменталната температура.
Уредот ќе престане да лади / грее кога моменталната
температура ќе ја достигне контролната температура.