40 МАКЕДОНСКИ
Монтирање на куката
ВНИМАНИЕ:
Кога ја монтирате куката,
секогаш цврсто затегнете ја со шрафот.
Ако не е
затегната, куката може да испадне од алатот и да
предизвика телесна повреда.
►
Сл.10:
1.
Жлеб
2.
Кука
3.
Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
Монтирање држач за бургија за
одвртување
Опционален прибор
►
Сл.11:
1.
Држач за бургија за одвртување
2.
Бургија за одвртување
Поставете го држачот за бургии за одвртување во
испакнатиот дел на долниот дел од алатот на левата
или десната страна и зацврстете го со завртката.
Кога не ја користите бургијата за одвртување,
чувајте ја во држачот за бургии за одвртување. Овде
може да се чуваат бургии за одвртување долги 45
мм.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вметнувајте ја
касетата со батерии до крај додека не се
блокира во место.
Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е целосно блокирана
во место. Вметнете ја целосно додека не се
прекрие црвениот индикатор. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Кога брзината нагло ќе
опадне, намалете ја оптовареноста или запрете
го алатот за да избегнете негово оштетување.
Држете го алатот цврсто со едната рака за дршката
и другата рака на долниот дел од батеријата за
контролирање на вртливото дејство.
►
Сл.12
ЗАБЕЛЕШКА:
Не покривајте ги отворите за
вентилација бидејќи тоа може да предизвика
прегревање и оштетување на алатот.
►
Сл.13:
1.
Отвор за вентилација
Одвртување/завртување
ВНИМАНИЕ:
Поставете го прстенот за
нагодување на соодветното ниво на вртежен
момент за вашата работа.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека бургијата
за одвртување е вметната правилно во главата
за одвртување/завртување, во спротивно
завртката и/или бургијата за одвртување може
да се оштетат.
Прво, свртете го прстенот за промена на работниот
режим, така што стрелката на телото од алатот ќе
покажува кон ознаката
.
Поставете го врвот на бургијата за одвртување
во главата на завртката и применете притисок
врз алатот. Полека стартувајте го алатот и
постепено зголемувајте ја брзината. Отпуштете
го прекинувачот за стартување штом завртката
навлезе во материјалот.
НАПОМЕНА:
Кога завртувате завртка за дрво,
претходно дупнете почетна дупка со дијаметар
2/3 од оној на завртката. Тоа ќе го олесни
завртувањето и ќе спречи пукање на работниот
материјал.
Ударно дупчење
ВНИМАНИЕ:
Доаѓа до јака и ненадејна
вртлива сила што делува врз алатот/бургијата
од дупчалката кога ќе дојде до продирање на
дупката, кога дупката ќе се затне со делканици
или прав или кога ќе удри во армирани шипки
вградени во бетонот.
Прво, свртете го прстенот за промена на работниот
режим, така што стрелката на телото од алатот ќе
покажува кон ознаката
. Прстенот за нагодување
може да се порамни на кое било ниво на вртежен
момент за оваа работна операција.
Користете бургија од дупчалка со врв од волфрамов
карбид.
Ставете ја бургијата од дупчалката на саканата
локација за дупката, потоа извлечете го активаторот
на прекинувачот. Не форсирајте го алатот. Ако
користите благ притисок, ќе добиете најдобри
резултати. Одржувајте го алатот во позиција и
спречувајте да се лизне настрана од дупката.
Не применувајте поголем притисок кога дупката
ќе се затне со делканици или прав. Наместо тоа,
работете со алатот во празен од, а потоа делумно
извадете ја бургијата од дупката. Повторувајќи го
ова неколкупати, дупката ќе се исчисти и може да се
продолжи со нормално дупчење.
Издувна пумпа
Опционален прибор
►
Сл.14:
1.
Издувна пумпа
По дупчењето на дупката, употребете ја издувната
пумпа за да ја исчистите прашината од дупката.