32
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја нагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја рачката.
Отпуштете ја рачката на граничникот за длабочина
и поместете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на рачката.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
длабочината на сечење, така што дијамантското тркало
ќе стрчи 2 мм или помалку под работниот материјал.
Користењето соодветна длабочина на сечење помага во
намалувањето на потенцијалот за опасни ПОВРАТНИ
УДАРИ што може да предизвикаат телесна повреда.
►
Сл.1:
1.
Лост
Нишанење
Порамнете го работ на предниот дел од основата со
линијата за сечење на работниот материјал.
►
Сл.2
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете го прекинувачот
дали функционира правилно и дали се враќа
во положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
►
Сл.3:
1.
Прекинувач
2.
Копче за блокирање/
копче за одблокирање
За алат со копче за блокирање
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON“ за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON“ и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за да сопрете. За континуирана работа,
повлечете го прекинувачот, притиснете го копчето за
блокирање и потоа отпуштете го прекинувачот. За да
го запрете алатот од блокираната положба, целосно
повлечете го прекинувачот и потоа отпуштете го.
За алат со копче за одблокирање
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ
не користете го алатот ако работи со
едноставно повлекување на прекинувачот
без да се притисне копчето за одблокирање.
Прекинувачот што треба да се поправи може да
резултира со ненамерно стартување на алатот
и тешка телесна повреда. Вратете го алатот во
сервисен центар на Makita за соодветна поправка
ПРЕД натамошна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ не
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот без да го притиснете копчето за
заклучување. Тоа може да предизвика дефект
на прекинувачот.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Складирање на имбус-клучот
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
►
Сл.4:
1.
Имбус-клуч
Отстранување или монтирање на
дијамантското тркало
ВНИМАНИЕ:
ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ДОБРО
СТЕ ЈА СТЕГНАЛЕ ШЕСТОАГОЛНАТА ЗАВРТКА.
Исто така, внимавајте да не ја затегнувате
завртката со сила.
Лизгањето на раката од
имбус-клучот може да предизвика телесна
повреда.
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч Makita
и имбус-клуч за монтирање или вадење на
тркалото.
Држете ја надворешната фланша со клучот и олабавете
ја шестаголната завртка вртејќи ја со вилушкастиот клуч.
Потоа извадете ги шестаголната завртка, надворешната
фланша и дијамантското тркало.
►
Сл.5:
1.
Имбус-клуч
2.
Шестаголна завртка
3.
Клуч 22
4.
Олабавување
5.
Стегнување
За да го монтирате дијамантското тркало, следете
ја постапката за вадење по обратен редослед.
Секогаш монтирајте го тркалото, така што стрелката
на дијамантското тркало ќе покажува во истата
насока како и стрелката на куќиштето на запченикот.
►
Сл.6:
1.
Шестаголна завртка
2.
Надворешна
фланша
3.
Дијамантско тркало
4.
Внатрешна фланша
5.
Конусна шајбна